06 Мај, 2024
0.0251

(ФОТО) Боки 13 го има само бербер Саше на располагање

Објавено во: Македонија 26 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Берберот Саше е единствениот вработен во истражниот затвор во Шуто Оризари кои ги потшишува притворениците, меѓу кои е и Бојан Јовановски, ексцентричниот шоумен осомничен во случајот „Рекет“.

Во 70-тината денови додека Боки 13 се наоѓа во притвор, Саше е единствената опција за стилот на Боки 13, иако наместо скапоплатените фризери, овој пат пред себе го има еден од берберите со најскромна плата во земјата. Во јавноста се јавија дилеми кој ли се грижи за изгледот на косата на Јовановски додека тој е во ќелија и чека да заврши истрагата.

Берберот Саше долго време работел без да биде пријавен како вработен во истражниот затвор, иако бил еден од ретките кои во тоа време сакале да работат под тамошните услови и околности, а меѓу првите „славни муштерии“ кои ги имал биле Велија Рамковски и Миленко Неделковски како притвореници.


Претходно морал да потшишува во подрумскиот простор од својата зграда во скопската населба Карпош 4, бидејќи трошоците за работа во изнајмен локал биле големи. Саше успеал да изнајми простор во локалниот трговски центар каде што работел без помошници, а потоа се преселил во Волково каде што формирал семејство. Вообичаената тарифа за потшишување била 100 денари.

Вработени во затворите за Фактор велат дека затворениците и притворениците имаат право на лична хигиена, без оглед кој какви хигиенски навики има. Сепак посебен фризер не смее да доаѓа. Притворениците во Шутка имаат право на бербер, односно право на потстрижување или други третмани на косата, но само кај вработениот од притворот.

Саше можеби е еден од најскромноплатените бербери во Македонија, но може да се пофали дека низ неговите раце поминале голем број познати личности што си имале проблем со законот.

Можеби ќе ве интересира

СЕ СРЕТНАА МИЦКОСКИ И ТАРАВАРИ - се цртаат ли контурите на идната влада, кои се условите

СЕ СРЕТНАА МИЦКОСКИ И ТАРАВАРИ - се цртаат ли контурите на идната влада, кои се условите

Апасиев: Левица не е лажна опозиција, ние имаме светла иднина

Апасиев: Левица не е лажна опозиција, ние имаме светла иднина

СЕ ОГЛАСИ ЗОРАН ЗАЕВ: Ова се 15-те важни датуми од современата промоција на македонскиот јазик

СЕ ОГЛАСИ ЗОРАН ЗАЕВ: Ова се 15-те важни датуми од современата промоција на македонскиот јазик

ЗАГИНА СКОПЈАНЕЦ, А ПОВРЕДЕНИ СЕ СОПРУГАТА И ДВЕТЕ МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА - МВР со детали за тешката сообраќајка

ЗАГИНА СКОПЈАНЕЦ, А ПОВРЕДЕНИ СЕ СОПРУГАТА И ДВЕТЕ МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА - МВР со детали за тешката сообраќајка

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта

„ТИ БЛАГОДАРАМ ЗА БЕЗРЕЗЕРВНАТА ЉУБОВ И ПОДДРШКА“ - еве како Пендаровски и го честита роденденот на сопругата

„ТИ БЛАГОДАРАМ ЗА БЕЗРЕЗЕРВНАТА ЉУБОВ И ПОДДРШКА“ - еве како Пендаровски и го честита роденденот на сопругата

ОТВОРЕНО ПИСМО ДО ЈАВНОСТА ОД ЛУКЕ ГЕЛЕСКИ, ДИРЕКТОР НА ЦЕНТАРОТ ЗА КОМУНИКАЦИИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве што тој има да им каже на граѓаните

ОТВОРЕНО ПИСМО ДО ЈАВНОСТА ОД ЛУКЕ ГЕЛЕСКИ, ДИРЕКТОР НА ЦЕНТАРОТ ЗА КОМУНИКАЦИИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве што тој има да им каже на граѓаните