30 Април, 2024
0.0281

Бочварски: Покрај архитект и градоначалник, ќе бидам и добар министер за транспорт и врски

Објавено во: Македонија 20 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Благој Бочварски, за кого вчера СДСМ обзнани дека ќе биде министер за транспорт и врски на местото на Горан Сугарески во новата Влада, на денешната прес-конференција рече дека ќе биде успешен и на таа позиција, затоа што како што вели тој, се покажал и како добар архитект  и градоначалник на општина Штип.

- Тоа е успех на нашиот град. Во новата Влада три министри се од оваа изборна единица од источниот регион. Тоа покажува дека нашата партија има разновидна и сестрана понуда, која не е оптоварена со централизирано уредување. Мандатот што ќе ми биде доделен е награда за градежната офанзива што ја спроведов во Штип.  Дадов голема жртва за да го трасирам патот за вистински развој на Штип и ова беше препознаено од претседателот на СДСМ.  Јас сум единствениот градоначакник ова гломазно министерство до сега. Истовремено сум архитект и градоначалник и ќе работам макотрпно за што е можно повеќе проекти, рече Бочварски.

Пред новинарите порача дека особено ќе се посвети на патната инфраструктура, односно на изградбата на автопатишта, експресни и локални патишта, а рече и дека ќе им помага на општините да добијат што е можне повеќе проекти

Бочварски додаде дека в.д.градоначалник треба да се избере од Советот на општината, но и дека постои можност да се организираат локални избори.

- Станува збор за специфична постапка која не е прв пат да се случува, а за да се разреши ситуацијата ќе помогнат Министерството за локална самоуправа и Владата. Постои реална можност да има предвремени локални избори, но за тоа треба да толкуваат правниците, истакна Бочварски.



Можеби ќе ве интересира

ВЕРУВАМ ДЕКА НИКОЈ НЕ САКА ДА ЈА ВИДИ СДСМ НА КОЛЕНА, А ВМРО -ДПМНЕ РАЗУЛАВЕНА: Филипче вели изборните резултати ќе ги анализирале по изборите

ВЕРУВАМ ДЕКА НИКОЈ НЕ САКА ДА ЈА ВИДИ СДСМ НА КОЛЕНА, А ВМРО -ДПМНЕ РАЗУЛАВЕНА: Филипче вели изборните резултати ќе ги анализирале по изборите

ДАФИНА СТОЈАНОВСКА: Гласот кој ќе заврши за листите кои нема да имаат пратеник, ќе заврши на контото на Али

ДАФИНА СТОЈАНОВСКА: Гласот кој ќе заврши за листите кои нема да имаат пратеник, ќе заврши на контото на Али

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите изнесоа ставови со кого би коалицирале и под кои услови

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите изнесоа ставови со кого би коалицирале и под кои услови

ЦРВЕНИ ЛИНИИ: Апасиев кажа кој е условот за коалицирање

ЦРВЕНИ ЛИНИИ: Апасиев кажа кој е условот за коалицирање

ТРАГЕДИЈА: Пронајдена е мртва девојка во Штип

ТРАГЕДИЈА: Пронајдена е мртва девојка во Штип

КАСАМИ: Во нашата програма има и уставни измени

КАСАМИ: Во нашата програма има и уставни измени

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие