16 Мај, 2024
0.0260

БИЛАТЕРАЛНА СОРАБОТКА: Првите даночници од Македонија и Косово на средба

Објавено во: Економија 22 Август, 2018

Добивај вести на Viber

Директорот на Даночната администрација на Косово, Сакип Имери и претставниците на високиот менаџмент од Косовската даночна администрација ја започнаа дводневната билатерална посета на Управата за јавни приходи.

 На средбата од страна на Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска беше истакната досегашната соработка со Даночната администрација на Косово, како и подготвеноста на Македонската даночна администрација и во периодот кој следува да разменува искуства со колегите од Косово, во сите области од интерес на двете страни. За време на средбата, директорите разменија искуства за предизвиците со кои се соочуваат двете даночни администрации, специфичноста на даночните обврзници кои ги администрираат, како и тековните и идни проекти со кои се очекува да ги зајакнат оперативните капацитети и да допринесат за модернизација на даночните управи во двете земји.

Имајќи ги во предвид обемот на темите и областите од заеднички интерес и соработка, првите даночници од Македонија и од Косово разговараа и за можноста од потпишување на Меморандум за соработка, со кој ќе се овозможи продлабочување на соработката во делот на размена на искуства, трансфер на знаење и најдобри практики, поттикнување на доброволна даночна усогласеност, како и превенција, откривање и борба против даночната евазија во двете земји.

За време на дводневната посета во Управата за јавни приходи, колегите од Косовската даночна администрација ќе се запознаат со македонското искуство од воведувањето на ГПРС фискализацијата, како и со правни и практични аспекти на определени даночни прашања.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА