01 Мај, 2024
0.0273

Биди најдобрата верзија од себе си

Објавено во: Мои пари 07 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Во време кога технологијата не познава граници навистина е едноставно да делуваш уредно и да создадеш свој стил. Нема потреба од часови и часови поминати во тоалетот за да се избричиш, да си ја средиш косата или да го средиш телото. Добиваш навистина одличен изглед, го намалуваш потрошеното време и имаш доволно време за останатите обврски и сопствениот напредок. Токму Philips ни го прави секојдневието полесно, дозволувајќи да имаме повеќе време за себе си. Како водечка светска компанија во развој на електрични уреди за нега, Philips направи соработка со наши познати личности кои ги тестираа производите и го споделија своето мислење со нас.

Нивните искуства, препораки и совети можете да ги прочитате во продолжение. 

Дарко Ангелевски – Професионален бармен, сопственик на локалот Speakeasy

„Уживам во својата професија и насмевката која ја побудуваат кај луѓето моите коктели”

Од рана возраст почнав да користам различни пени, гелови, сапуни за бричење и бричеви. Целата процедура ми одземаше многу време, некогаш и по 30 мин. на ден, бидејки имам многу специфично и остро влакно. Причината зошто почнав да го користам мултигрумерот е фактот што со еден тример ги завршувам сите работи кои ми се потреби, наместо да користам повеќе алатки. Самиот тример на Philips има додатоци за брада, додатоци за прецизно поткастрување, додатоци за коса и додатоци за средување на телото. Откако го користам мултитримерот за 2-3 минути сум готов да тргнам на работа. Често патувам, па тримерот го носам секогаш со себе. Имам свој барменски тулкит и тримерот си го најде своето место таму. Повеќе немам проблеми со напукната кожа, остатоци од црвени точки по лицето и други непријатни појави за време на бричењето. Морам да напоменам и дека со прецизниот додаток за средување на телото лесно ги отстранувам несаканите влакна. Мултитримерот го препорачувам на сите оние кои сакаат да изгледаат средено и смачено им е да користат повеќе алатки. Со овој производ на Philips добивате повеќенаменска алатка, прилагодена за сите делови на телото.

Следете ме намојот профил на Facebook, со Philips ви подготвуваме нешто многу интересно.

Даниел Трбогазов- Професионален тренер за фитнес и пливање

„Вистинско задоволство е кога работиш со луѓе и кога ги гледаш среќни неколку месеци откако почнуваат да се покажуваат резултатите од напорната работа.”

Многу често ми се случуваше да се исечам со стариот тример кога пробуваав да ги отстранам влакната од телото каде контурите се поизразени, навистина непријатно чувство. Кожата многу често се случуваше и да се изиритира. Кога дознав дека тримерот на Philips е направен со хипоалергенска фолија која ја штити кожата бев искрено возбуден, затоа што тоа значеше крај на моите проблеми.Сега не трошам толку многу време за да бидам претпазлив и внимателен додека го користам овој тример. Особено ми се допаѓа системот за следење на контуритекој го има овој тример на Philips, односно главата на тримерот е флексибилна и се движи во различни насоки,што дополнително ми прави да се чувствувам сигурен додека го користам. Сите позиции на телото кои беа тешко пристапни со овој тример се лесно решливи.
Го препорачувам затоа што ми заштедува време и е многу едноставен и практичен за употреба.

Следете ме на мојот Instagram профил и дознајте какви изненадувања ви спремивме со Philips.

Марко Марк – ТВ и Радио водител

„Денот треба да тргне со насмевки и позитива, а јас ја имам честа да пробам да им ги разубавам утрата на гледачите. Тоа е прекрасно чувство”.

Ја негувам својата брада веќе долго време. Секое утро станувам рано поради тоа што морам да бидам во телевизија за емисијата која ја водам, па обично имав проблем со неред во тоалетот после секое бричење кое одземаше премногу време. Тоа дополнително предизвикано поради фактот што со претходната машинка морав да поминувам повеќе пати во одредена насока на лицето за да може да ги скратам влакната. Искрено многу ми значи тоа што го скратив времето на употреба од кога го користам Philips тримерот за брада. Има систем кој ги поткрева влакната и бричењето се одвива прецизно со помалце движења.  Сепак, тоа што најмногу ми врши работа е вакуум системот кој ги собира влакната што значи дека позади себе не оставам неред. Можеш да го користиш буквално секаде: во студио, во канцеларија, во дневна соба....

Со моите пријатели од Philips ви спремивме супер активности, затоа следете го мојот Instagram профил за да дознаете повеќе.

Доколку ве интересираат повеќе информации за серијата на тримери за брада, за тело или мултифункционални тримериили се пронајдовте во некоја од изјавите на нашите пријатели Марко, Дарко и Даниел, можете да дознаете повеќе на саjтот на Philips на следниот линк: http://www.trimer.philips.com.mk

Можеби ќе ве интересира

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор