17 Јуни, 2024
0.0248

Без празни зборви туку со бројки – еве кој и колку им помогнал на мигрантите

Објавено во: Свет 02 Септември, 2015

Добивај вести на Viber

Од Втората светска војна наваму Европа не преживеала бегалски бран со слична сложеност и обем како миграциската криза ова лето, коментира Economist.

Протестите од 1 септември, во кои учествуваа стотици мигранти на железничката станица во Будимпешта по забраната за патување во Европа од унгарската полиција, ќе се последен пример за напонот од Кале до македонската граница.

Во овој стил се присутни нивото на позитивни одговори за прием на баратели на азил во различни земји членки на Европската унија (ЕУ). Во Берлин во понеделникот германската канцеларка Ангела Меркел повика на единствена европска позиција во однос на миграцијата, а бегалците да бидат "фер" распределени меѓу земјите членки на ЕУ.

Таа истакна уште дека оние мигранти кои немаат право да останат во Европа, треба да бидат вратени дома. Министерот за внатрешни работи на Германија објави дека земјата очекува во неа да пристигнат 800 000 бегалци и азиланти оваа година, што е четири пати повеќе од бројката во 2014 година.

Околностите во секоја потенцијална земја домаќин сепак природно се различни - од гледна точка на политиката, економијата, демографијата, итн, и судејќи по номинален број на прифатените кандидати, тоа можеби не е фер оценување, кое Ангела Меркел го навестува.

По балансирана оценка може да биде направена преку адаптација на бројот на прифатените кандидати кон населението на секоја земја која се претпоставува дека ќе прифати од новодојдените. Како голема земја со население од 80 милиони луѓе, Германија е на чело на листата по бројот прифатени бегалци во апсолутни вредности, но како удел во однос на граѓаните на земјата, таа слегува на 10-то место, обезбедувајки им засолниште на само 50,2 лица на секој 100 000.

Велика Британија исто така изгледа помалку великодушна кога работите ќе се погледнат од овој агол. Шведска сепак, релативно мала земја со околу 10 милиони жители, прифаќа голем број азиланти и според двата критериума. Таа е на второ место по позитивни решенија како целина и е на прво место по дел од населението со 317,8 бегалци на 100 000 луѓе. Во Унгарија е токму спротивното - земајќи ги предвид големината на населението, таа се претставува лошо и во двете листи.

Бугарија е на чело по удел на позитивните решенија - 94,2% од сите кандидати за азил биле одобрени. Во Германија овој процент е доста понизок - 41,6 отсто, во Франција е 21,6%, а во Велика Британија - 38,6%. Најнизок е уделот во Унгарија - 9,4%, а во Грција е 14,8%.

Независно од тоа како се доживуваат податоците, самиот обем на проблемот не покажува знаци за скорешно негово надминување. Речиси 50 000 азиланти стигнаа во Грција само во јули, а околу 4 милиони сиријци ги напуштиле своите домови од почетокот на конфликтот од 2014. Во меѓувреме целиот прилив на баратели на азил во ЕУ во 2014 година изнесува едвај 0,03% од вкупното население на Унијата.

migranti

Обработка: К.К.

Извор: Economist

Можеби ќе ве интересира

ЗЕЛЕНСКИ ГО ОТКРИ УСЛОВОТ ЗА ПРЕГОВОРИ: Јасно стави до знаење што сака од Русија

ЗЕЛЕНСКИ ГО ОТКРИ УСЛОВОТ ЗА ПРЕГОВОРИ: Јасно стави до знаење што сака од Русија

Ова се заклучоците од мировниот самит за Украина во Швајцарија: Изјавата ја потпишаа 80 земји

Ова се заклучоците од мировниот самит за Украина во Швајцарија: Изјавата ја потпишаа 80 земји

НОВО ВИДЕО ОД ПУКАЊЕТО НА ЕП ВО ХАМБУРГ: Фатени моментите на беснеење, вооружен напаѓач се заканувал, па „паднал“ на улица - 18+

НОВО ВИДЕО ОД ПУКАЊЕТО НА ЕП ВО ХАМБУРГ: Фатени моментите на беснеење, вооружен напаѓач се заканувал, па „паднал“ на улица - 18+

КРАЈ НА ДРАМАТА: Ликвидирани затвореници во руски затвор

КРАЈ НА ДРАМАТА: Ликвидирани затвореници во руски затвор

ТРАМП ЈА ШОКИРА ЕВРОПА: Вети дека ќе ја прекине финансиската помош за Украина, а зошто е уште поголемиот шок!

ТРАМП ЈА ШОКИРА ЕВРОПА: Вети дека ќе ја прекине финансиската помош за Украина, а зошто е уште поголемиот шок!

Оваа земја дава одмор од 5 недели, а просечната плата оди до 5.000 евра: Важи за една од најсреќните во светот

Оваа земја дава одмор од 5 недели, а просечната плата оди до 5.000 евра: Важи за една од најсреќните во светот

Се ближи крајот на ерата на евтини авионски билети во Европа: Зелената транзиција „удри“ на авиокомпаниите

Се ближи крајот на ерата на евтини авионски билети во Европа: Зелената транзиција „удри“ на авиокомпаниите

24 интересни факти за домаќинот на ЕВРО2024: Луди закони, рекорди и навики кои ги разбираат само Германците

24 интересни факти за домаќинот на ЕВРО2024: Луди закони, рекорди и навики кои ги разбираат само Германците

ЛИДЕРИТЕ НА Г7 ОДЛУЧИJА: Еве какви се плановите за руската нафта

ЛИДЕРИТЕ НА Г7 ОДЛУЧИJА: Еве какви се плановите за руската нафта