16 Мај, 2024
0.0479

Беслими: Зголемувањето на акцизата на дизел горивото не е најпогодна мерка во овој момент

Објавено во: Економија 09 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Буџетот претставува основен инструмент преку кој секоја власт настојува да ги реализира основните цели на макроекономската политика, но при проекцијата на буџетпт треба да се води сметка за реална проекција на макроекономските индикатори, за да не се претвори истиот на список на желби, туку реален приказ на способноста, фискалниот капацитет за финансирање на проектираната буџетска потрошувачка, вели за Фактор, универзитетскиот професор Сами Беслими. 

Проектираните вредности во Буџетот за 2018 година се базираат на проценката дека, со стапка на економски раст од 3,2 %, потоа со стапка на инфлација од 1,7 % и со буџетски дефицит од 2,7 % од БДП, може да се обезбедат проектираните буџетски приходи. На тој начин би се обезбедиле доволно средства во буџетот за финансирање на проектираната буџетска потрошувачка.

Но, основното прашање кое се поставува е, т.е. колку се овие буџетски проекции реално остварливи?

Со оглед на фактот дека, тековната година ќе ја завршиме со ниска стапка на економски раст (околу 1,6 %), реални се шансите да се постигне проектираната стапка на економски раст од 3,2 % во 2018, под услов, политичката криза да е веќе минато, државата навремено да ги сервисира долговите кон стопанството, навремено и целосно реализација на проектираните капитални инвестиции како и реализација на проектите кои што се во функција на поддршка на стопанството.

Зголемувањето на акцизата на дизел горивото не е најпогодна мерка

Фискалните ефекти од зголемувањето на акцизата на дизел горивото (за 3 денари) се проценуваат на околу 30 милиони евра годишно, а тоа е скоро 1% од вкупните буџетски приходи. Зголемувањето на акцизата на дизел горивото, потоа зголемувањето на основицата за пресметка на персоналниот данок од доход (прогресивно оданочување) се ставки кои дополнително ќе ги зголемат трошоците на компаниите. Сето тоа може да доведе до влошување на ценовната конкурентност, од причина што зголемувањето на трошоците не е пропратено со вложувања кои би довеле до зголемување на продуктивноста, а сето тоа (теоретски) би можело да предизвика натамошно истиснување на домашното стопанство од внатрешниот и од меѓународниот пазар.

Сметам дека зголемувањето на акцизата на дизел горивото не е најпогодна мерка, особено не во овој момент, од причина што, домашното стопанство се соочува со проблемот на неликвидност, со ниска стапка на доходност, со ниска стапка на акумулација, така што, секое зголемување на трошоците во деловната активност влијае дестимулатвно, ги одвраќа од помислата за превземање на активности кои значат вложувања во проширување или модернизација на деловната активност.

Со поинаква распределба на средствата и со порационално трошење на јавните средства би можело да се компензира тој дел од приходи кои се очекува да се наплати од зголемувањето на акцизата на дизел горивото.

На крајот да додадам дека, добро е што за Предлог буџетот се расправа со стопанствениците со што сметам дека е подобрена транспарентноста во целиот буџетски процес 


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

Над 130 македонски компании на прва средба со Лидл за можна соработка

Над 130 македонски компании на прва средба со Лидл за можна соработка

„ЗА МАКЕДОНИЈА НАЈДОБРО Е ДА ГО ПРЕЗЕМЕ ГЕРМАНСКИОТ СЛУЧАЈ“: искрено и во негов стил, Бранко Азески во „Бизнис Муабети“ на Фактор

„ЗА МАКЕДОНИЈА НАЈДОБРО Е ДА ГО ПРЕЗЕМЕ ГЕРМАНСКИОТ СЛУЧАЈ“: искрено и во негов стил, Бранко Азески во „Бизнис Муабети“ на Фактор

ГЕНЕРАЛИ ИНВЕСТМЕНТС: Пазарите на обврзници ги чекаат априлските податоци за инфлацијата во САД

ГЕНЕРАЛИ ИНВЕСТМЕНТС: Пазарите на обврзници ги чекаат априлските податоци за инфлацијата во САД

МАКЕДОНИЈА СО НУЛТА ТОЛЕРАНЦИЈА ЗА КОРУПЦИЈАТА, РАСТ НА БДП НАД ПЕТ ОТСТО, СИЛНА НАЦИЈА - моќни пораки од Самитот на Македонија 2025

МАКЕДОНИЈА СО НУЛТА ТОЛЕРАНЦИЈА ЗА КОРУПЦИЈАТА, РАСТ НА БДП НАД ПЕТ ОТСТО, СИЛНА НАЦИЈА - моќни пораки од Самитот на Македонија 2025