26 Април, 2024
0.0299

Бесими: Со реструктуирање на буџетот ќе се направи простор за нови антикризни мерки

Објавено во: Финансии 16 Мај, 2022

Добивај вести на Viber

Со реструктуирање на буџетот ќе се направи простор за евентуални мерки кои ќе помогнат во надминување на кризата. Секаде каде што може ќе се крати со ребалансот, на кој веќе се работи, пишува во колумна министерот за финансии, Фатмир Бесими. 

Посочува оти тековната криза е афтершок од пандемијата и би требало да биде послаба од првичниот удар, но и дека меѓународните финансиски организации за годинава предвидуваат раст на глобалната и домашната економија.

- Во Министерството за финансии веќе се одвиваат консултации со институциите за степенот на реализација на проектите и тековните расходи. Она што со сигурност како министер за финансии можам да го кажам е дека ќе бидеме максимално конзервативни, секаде каде што може ќе се скрати. На тој начин ќе се направи простор за нови реакции и мерки, кои со оглед на ситуацијата, најверојатно ќе бидат потребни - пишува Бесими.

Министерот за финансии посочува дека досегашниот одговор на Владата на тековната криза е еден од најсилните во регионот.

- Од почетокот на кризата, одговорот на Владата изнесуваше 615 милиони евра за мерки за поддршка на економијата и граѓаните. Оваа сума е меѓу најсилните одговори на кризата во регионот. Хрватска има издвоено околу 635 милиони евра, Грција 500 милиони евра, Словенија и Албанија предвидуваат по околу 200 милиони евра итн. Нашата цел како Влада е да дадеме поддршка на граѓаните, на ранливите категории пред се, да го задржиме здравјето на економијата и да ја надминеме оваа криза, а потоа да се вратиме на патеката и целта кон која се стремиме,повисоки и одржливи стапки на економски раст - пишува Бесими.

Министерот посочува дека војната во Украина донесе една битна дилема за носителите на политките. Соочени со кризи, една после друга, а справени со предизвикот да не се отстапи од зацртаната амбиција за раст и развој, неизбежно се наметнува триаголникот во остварување на трите цели: справување со кризата, одржување на растот и фискална консолидација.

- Меѓународниот монетарен фонд и Светска Банка советуваат дека фискалната политикатреба да се прилагоди согласно степенот на изложеноста на економија кон војната во Украина, состојбата со пандемијата и текот на закрепнувањето на економијата. Од една страна, поради неопходната фискална експанзија во многу земји во текот на пандемијата долгот достигна рекордно високо ниво. Исто така, како резултат на реакцијата на централните банки на ценовните притисоци преку затегање на монетарната политика, владите се соочуваат со високи каматни стапки на пазарите на капитал. Сепак, потребата за консолидација не треба да ги спречи владите да дадат приоритет на соодветните мерки за поддршка на стандардот на ранливите категории на граѓани, чувствителни на ценовните притисоци и заштита на економијата - пишув аминистерот во својата колумна.

Тој посочува и дека од аспект на управувањето со јавните финансии за остварување на целите од неизбежниот триаголник се пристапува од трите страни на буџетот: на страната на расходите со кратење и реприоритизација, на страната на приходите со реформи за поголема ефикасност и консолидација, и на страната на финансирањето со одржливи инструменти.

Можеби ќе ве интересира

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“