17 Мај, 2024
0.0287

Беровчанец освои 20 илјади евра на НОВОЛОТО, вечерва се чека 7-ка вредна 133 илјади евра!

Објавено во: Мои пари 21 Август, 2013

Добивај вести на Viber

Во исчекување на новото 67 коло на НОВОЛОТО 7/34,  вечерва од 20ч на Сител телевизија, со задоволство Ви откриваме дека токму минато 66то коло го донесе добитникот на премијата 6 + 1. Во владеењето на 6-ките, нашиот комјутерски центар успеа да лоцира дека уплатното ливче на оваа добивка вредна рекордни 1.274.293,00 денари е уплатено во Берово во продажното место Буги. Нашите статистики покажуваат дека оваа премија е досега највисока во својата категорија. Покра премијата 6+1, 66то коло на НОВОЛОТО донесе и 3 добивки 6ка, вредни  32.333,50, велат од Лотарија на Македонија. Претходно, првата најголема добивка на НовоЛото 7/34 за 6+1 изнесуваше вкупно 774.523,00 и за прв пат се постигна во 17тото коло, а согласно правилата во случај на две адекватни добивки, се подели на двајца добитници по  387.261, 50 денари. Најголемата поединечна добивка за 6+1 дојде во 26тото коло со вкупна вредност од 415.432,00 денари.  Следната премија 6+1 вредна 187.787,50 денари, се случи на 16 март годинава.  Практично тоа коло беше рекордно по добивки, бидејќи донесе премија 7ка,  добивка 6+1 како и 24 6ки. Ова 66то коло донесе нов рекорд во категоријата премија 6+1. Освен поканата вечерва да ги тестирате вашите среќни бројки како потенцијална среќна НОВОЛОТО комбинација, денес може да ве потсетиме дека фондот за 7ка е и понатаму во пораст. Во ова 67 коло изнесува над 8 милони денари, потенцираат од Лотарија. Според статистиката на Државна лотарија на Македонија, по Скопје, град кој најмногу игра НовоЛото 7/34 е Битола, а потоа следуваат Прилеп, Струмица, Охрид, Тетово, Куманово, Струга, Кавадарци, Штип. 67то коло на Новолото може да го погледнете вечерва од 20ч со прекрасната Марјана на Сител телевизија.

Можеби ќе ве интересира

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Н.Д. ОД ТЕТОВО ГО ОСВОИ НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ

Н.Д. ОД ТЕТОВО ГО ОСВОИ НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ

Бимилк го прослави светскиот ден на семејството: НТЦ семинар за вработените и стручните лица од образовните институции со д-р Ранко Рајовиќ

Бимилк го прослави светскиот ден на семејството: НТЦ семинар за вработените и стручните лица од образовните институции со д-р Ранко Рајовиќ

„Макпетрол“: Со позитивна енергија во Градски Парк да застанеме на патот на врсничкото насилство

„Макпетрол“: Со позитивна енергија во Градски Парк да застанеме на патот на врсничкото насилство

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени

14 македонски студентки по технички науки на првиот глобален состанок на иницијативата Global Engineer Girls на Групацијата Лимак

14 македонски студентки по технички науки на првиот глобален состанок на иницијативата Global Engineer Girls на Групацијата Лимак