19 Мај, 2024
0.0292

Берење јагоди и Сезонска работа во Финска – Информации за апликација

Објавено во: Мои пари 23 Април, 2015

Добивај вести на Viber

Веројатно некогаш сте се запрашале зошто Скандинавија, таа студена област на Европа е богата со сити бобинки ...јагоди, малини, боровнинки, брусница, капиним рибизли, грозје, и со уште 30 разни видови на бобинки... па веруваме дека многумина кога им се спомене „сезонаската работа на берачи за јагоди“, прво помислат на Грција, Италија, Шпанија...

... а всушност , финските шуми се вистинско богатство ако сакате бобинки, бијдеќи тие се чисти и здрави, бидјеќи содржат огромни количини на важни витамини, флавониди, влакна и антиоксиданси. Поради своите големи барања на одгледување, финските бобинки мораат да развиваат поголема количина на здрави соединенија од своите пријатели од јужна Европа, па затоа овие финските се меѓу највкусните и најздравите на светот. Јагодите во Финска може да се најдат и надвор од арктичкиот круг, што говори во прилог дека им годи оваа клима.

Финците со задоволство јадат јагоди ... или можеби поправилно кажано „ги таманат“. Така е додека е сезоната на јагоди , а за зимата ги ставаат во замрзнувач, и тоа најчесто неизмиени, бидејќи така се одржуваат подобро. Во финска најпопуларна е сортата Полка, Флаир, потоа таканаречената Хонеоје која е полна со вкус и многу слатка... Соната, која има светло црвена боја, Флоренс, која има големи сочни темно-црвени плодови ... Салса, која има неправиле облик и најпопуларната и најомилена врста Румба ...која е изразени црвена и има специфичен срцелик облик.

Сезоната на берење овошје и зеленчук во Финска е од јуни до септември, ретко до октомври. Во тоа време, таму може да се сретнат многу луѓе од разни краеви на светот, кои сакаат да заработата. На Финците, навикнати на висок стандард не им одговараат цените за работа, берење на јагоди, кои секоја година ги пропишува Финскиот сојуз за одгледувачи на бобинки, бидејќи тоа е тешка работа , во кое најмногу трпат колената и рамениците, па таа работа ја препуштаат на луѓето мод сиромашните земји, на кои таа цена им одговара...Она што многу не го знаат е тоа дека во Финска не се плаќа за час, ниту за ден за берење на јагоди, туку по килограм, бидејќи финците не плаќаат за неработа, туку вредните работници, значи платата зависи исклучиво од тоа колку сте вредни и од можностите на работникот.

Цената се движи околу 2,80 евра за 3 килограми јагоди. Просечно би можеле да наберете околу 60 килограми, што значи би заработиле 56 евра дневно, или 1680 евра месечно. Цените за берење малини се движи од 3 до 3,5 евра за килограм. Малините се полесни од јагодите, па треба повеќе работа за да наберете еден килограм.

Навистина може тоа да бидат убави пари, но размислете добро колку сте психички и физички подготвени на ова, бидјеќи работодавачите може и да ве отпуштат, ако не остварите минимум 7,32 евра по работен час или во превод, ако не наберете 8 км за час. На секој работодавач целта му е да останете, а не да ве отпушти, па затоа на почетокот ве подучуваат како да работите брзо и продуктивно.

На сезонска работа во Финска одат најмногу Украинци, Полјаци, Руси, Шпанци, Грци, Хрвати, Бугари и многу други, но меѓу нив има и Македонци. Наједноставниот начин да стигнете до Финска е со авион до Хелсинки, а потоа со воз до плантажата. Но битно е да напоменеме дека е важно да знаете англиски јазик пред се.

Ако сте заинтересирани за сезонската работа во оваа скандинавска земја можете да аплицирате на повеќе места на линковите кои ги има подолу.

http://www.anttilantila.fi/en/etusivu/

http://www.jarmovaltari.fi/suncitybakers/site/summerwork.php?lang=en

 http://www.marjanviljelijat.fi/

Järvenkylän Mansikkafarmi, Järvenkyläntie 825, 21570 SAUVO, Finland Vlasnica Ingrida Alijosiute, +358 (0)50-5524733, ingrida.alijosiute@jarvenkyla.fi

Повеќе информации очекувајте деновиве...

(Не е дозволено копирање или преземање на текстот без претходна дозвола од Фактор.мк)

Можеби ќе ве интересира

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО