Белградската берза подготвува платформа за старт ап
Објавено во: Балкан 03 Февруари, 2018
До крајот на март Белградската берза на пазарот во Србија ќе понуди платформа "crowdfunding", а тоа е своевидна платформа за финансирање на спарт ап и мали, средни и микро претпријатија во соработка со таква платформа во светот.
Синиша Крнета, директор на Белградската берза за агенцијата Бета вели дека целта е малите иновативни компании да можат да добијат средства за раст и развој.
„На прагот сме да бидеме лидери во Србија за пружање на помош на компании во рана фаза на развој. Белградската берза до крајот на март би можела да биде официјален партнер на пазарот во Србија со еден од глобалните лидери за пружање услуги crowdfunding, кои ги поврзуваат компаниите кои почнуваат со работење, односно кои се во рана фаза на развој со инвеститорите и сакаат пари за да вложат во идеите“- вели тој.
Тој не го наведе името на партнерот од странство.
Вели дека берзата ќе биде пункт за информирање и катализатор на старт ап, мали, микро и средни компании на кои им се потребни средства.
Потсети дека во Србија најголем дел од пазарот го заземаат банките, и заради острата регулација не се во можност да излезат во пресрет на малите бизниси.
Додава дека Белградската берза тој јаз планира да го премости.
Крнета вели дека оваа платформа ќе донесе инвестиции во земјата.
Рече и дека многу добри идеи пропаѓаат затоа што немаат капитал.
Статистички од десет старт ап компании опстанува само една.
На платформата ќе бидат претставени идеи од повеќе сектори, а ќе можат да вложуваат инвеститори од Србија и од странство.
Целиот текст можете да го прочитате овде.