БЕЛАТА КУЌА: Мајк Пенс не е во карантин
Објавено во: Свет 11 Мај, 2020
Потпретседателот на Соединетите Американски држави, Мајк Пенс не е во
карантин, објави Белата
куќа, отфрлајќи ги информациите дека Пенс е во самоизолација откако еден од неговите
најблиски соработници бил инфициран со
Ковид-19.
-Потпретседателот Пенс ќе дојде и денеска на своето работно место. Неговите тестови за корона вирусот се негативни. Тој секако ќе продолжи да ги следи советите на медицинскиот тим на Белата куќа.