17 Мај, 2024
0.0281

Бектеши: Подготвени сме за скрининг-процесот, Бартолини: Македонската индустрија не е подготвена за ЕУ

Објавено во: Економија 05 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Кресник Бектеши, министерот за економија, на завршниот настан за проектот Ревизија на индустриската политика рече дека неговиот ресор е подготвен уште денеска за скрининг-процесот, односно за отворање на поглавјата, иако Македонија треба да добие датум за преговори следната година. На ова Никола Бартолини од делегацијата на ЕУ, како раководител на секторот за соработка, возврати дека македонската индустрија не е подготвена за предизвиците во ЕУ.

- Мора да се работи уште сега за индустријата да биде конкурентна кога ќе дојде време, инаку овој сектор ќе страда кога Македонија би била примена во ЕУ. Не треба да се дозволи лесно да заминуваат во странство едуцирани работници, а инспекциите треба да работат подисциплинирано. За младите е потребна подобра и попрактична едукација. Вие може ќе бидете примени во ЕУ за пет до десет години, но потребна е подготвена генерација за тоа. Потребна е конкурентност и дисциплина - рече економистот од ЕУ.

Бартолини додаде дека Македонија водела погрешна политика на ова поле во последните десетина години.

- Никогаш нема да има конкурентност со субвенции. Субвенциите ја влечат економијата надолу. Конкурентноста почнува да се развива кога бизнисот лежи на здрави основи, порача денеска Никола Бертолини од Делегацијата на ЕУ во Скопје на завршниот настан за проектот Ревизија на индустриската политика - вели тој.

Во врска со т.н. Индустриска стратегија што произлезе од проектот, Бертолини напомена дека претставува само појдовна основа - алатка, а не резултат.

- Лесно е да се донесе стратегија и да се стави на полица. Се надевам дека овојпат нема да биде така, бидејќи нема време за губење. Треба да се преземат конкретни активности. Ние сме тука да ви помогнеме, не имате како поддршка, истакна делегатот на ЕУ.

И Софче Јовановска, советник во Кабинетот на вицепремиерот Кочо Анѓушев, подвлече дека ако македонските компании сакаат да обезбедат раст, мора да извезуват. Во моментов има 236 пријави од македонски фирми за субвенции од 50 милиони евра, а 88 насто од компаниите аплицирале за мерките со иновативни проекти.

Проектот „Ревизија на индустриската политика“ се спроведуваше една година со поддршка на ЕУ.

Јасмина Мајсторовска од Министерството за економија потенцираше дека веб-порталот konkurentnost.mk ќе ги обезбеди македонските фирми со сите потребни информации, програми, извештаи, програми и мерки со цел да се подобри нивната ориентација на пазарот.

Ангажираниот консултант Рикардо Пинто рече дека ќе биде обезбедена сета потребна помош за асистенција и обука на кластерите.

- Здруженијата на кластери во Македонија и компаниите се уште се недоволно запознати за тоа како функционираат кластерите во ЕУ - изјави Пинто.

Влатко Данилов, ангажиран на проектот, наведе дека ќе се следат сите активности од само една единица со посебна база на податоци со 50 индикатори за тоа дали се постигнати потребните резултати, бидејќи како што изјави, мониторинг евалуацијата постои дури и во самите устави на некои земји.

Ревизијата на индустриската политика по 15-дневни дебати треба да влезе во владина процедура.

Александар Кузмановски

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА