29 Април, 2024
0.0250

Бекам прв на листата на најбогати фудбалери во светот

Објавено во: Стил 11 Март, 2013

Добивај вести на Viber

Дејвид Бекам ја предводи листата на 50-те најбогати фудбалери во светот со лична состојба на сметката во висина од 200 милиони евра, објави спортскиот портал Goal.com. Втор на листата веднаш зад поранешниот капитен на Англија, кој неодамна потпиша договор со ПСЖ и ќе ја донира плата од францускиот клуб за добротворни цели, е рангиран Лионел Меси од Барселона, кој во моментов е највисоко платениот фудбалер во светот, и заработува близу 115.000 евра ден. Вкупната состојба на 50-те најбогати фудбалери во светот изнесува над 1,95 милијарди евра, што е повеќе од БДП на Либерија, на пример, и сосема доволно за да биде купен Манчестер Јунајтед двапати. Во првите десет најбогатите фудбалери има уште двајца Англичани. Тоа се Вејн Руни, кој е седми со богатство од 57 милиони евра и Рио Фердинанд, кој е десетти со 48 милиони евра. Тоа се и единствените двајца претставници на англиската Премиер лига во првите десет. Oд Goal.com пресметале дека Бекам е заработил над 17 милиони евра надвор од фудбалскиот терен во 2012 година, која му била најдоходовна година. Ривалдо пак е играчот на листата, кој го завршил најмногу клубови во кариерата - 14. Еве и кои се десетте најбогати: 1. Дејвид Бекам - 200 милиони евра 2. Лионел Меси – 132,6 милиони евра 3. Кристијано Роналдо – 128,5 милиони евра 4. Кака – 76,3 милиони евра 5. Роналдињо – 72,3 милиони евра 6. Самуел Ето – 59,7 милиони евра 7. Вејн Руни – 57,4 милиони евра 8. Златан Ибрахимовиќ – 53,9 милиони евра 9. Ривалдо – 52,2 милиони евра 10. Рио Фердинанд - 48 милиони евра

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти