18 Мај, 2024
0.0314

Прво бебе на ГАК позитивно на ковид: Нема вертикална трансмисија, се заразило од својата мајка

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 30 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Бебе родено на Клиниката за Гинекологија и акушерство е позитивно на корона вирусот, но во изјава за Фактор, директорката, д-р. Викторија Јовановска вели дека не станува збор за вертикална трансмисија, туку бебето е заразено по контакт со неговата мајка.

-По направени консултации со педијатри, и мајката и бебето денеска се испишани од ГАК бидејќи се во сосема добра состојба и немаат симтоми. Но, мајката има хроничен хепатит Б, заради што и направивме неколку теста за корона вирусот. Првиот резултат беше двојбен, вториот покажа дека е негативен, по што имаше контакт со бебето за да започне процесот на доење. И Светска здравствена организација препорачува да се даваат новороденчињата на мајките за да почнат да ги дојат, но се мора да биде според протоколите. Најверојатно мајката се опуштила откако го доби вториот негативен тест за корона вирусот, па тогаш бебето е инфицирано од неа. Во текот на вчерашниот ден, кај неа е направен трет тест кој покажа дека е позитивен на Ковид-19, по што е направен и тест кај бебето, кој исто така е позитивен, вели д-р. Јовановска за Фактор.

Инаку, мајката која од Струмица е донесена во Скопје да се породи, поради коморбидитетот кој го има, односно хроничен хепатит Б, како што вели д-р. Јовановска, била примена во центарот за Ковид на ГАК кој е изолиран. 

Д-р. Јовановска потенцира дека од почетокот на пандемијата, во светот има само три случаи на вертикална трансмисија на вирусот, односно новороденчињата се заразени со ковид уште пред да се родат како резултат на тоа што мајката е заразена со вирусот. 

На Гинекологија до сега нема случај бебе да биде позитиовно на вирусот, но во текот на летото сепак имаше бебе старо 18 дена кое беше заразено со ковид-19. 

И во текот на летото имаше бебе старо само 18 дена кое беше инфицирано. 

А.Б.

Можеби ќе ве интересира

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање