Добивај вести на Viber
Германскиот хемиски гигант БАСФ и руската енергетска компанија „Газпром“, објавија дека разменуваат некои стратешки активи, бидејќи германската фирма сака да го зголеми производството на природен гас. Компанијата „Винтершал“, подружница на групацијата БАСФ, ќе преземе 25 отсто плус една акција од гасното поле на „Газпром“ во Сибир, со опција за зголемување на уделот на 50 отсто, наведено е во заедничкото соопштение.