17 Мај, 2024
0.0266

БАРАЊЕ НА ЗДРУЖЕНИЈА: Работниците кои сeга се во сивата економија да бидат редовно вработени

Објавено во: Економија 30 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Луѓето кои сега се непријавени, работат за дневница и се дел од сивата во економија во земјата да ги бидат вработени, бараат од здруженијата Достоинствен Работник – Прилеп и Гласен Текстилец од Штип.

„Домашната работа во Република Македонија е сектор со висок удел на работниците од ранливите категории, при што голем број од нив се неформално вработени. Најголем процент на работници во домашни услови се јавуваат девојките и жените, и тоа како негувателки при помош на стари лица, помош на лица со посебни потреби, чистење, шиење, и слично, додека мажите ја работат физичката работа како цепење дрва, косење трева, земјоделски активности, градежни работи, и слично. Во земјите во развој тие заземаат најмалку од 4 до 12 проценти од платеното вработување. Во согласност со Конвенцијата за пристојна работа на домашните работници бр.189 од Меѓународната организација на трудот под домашна работа значи работа што се врши во, или за некое домаќинство или домаќинства, додека домашен работник значи секое лице што врши домашна работа во рамките на работен однос. Согласно со Законот за работни односи (Службен весник на РМ, бр.74 од 8.05.2015 година – Пречистен текст) се регулира работата на домашните работници за вршење на работа дома и нивно право на вработување од страна на работодавач“- вели Рубинчо Аризанкоски, секретар на Здружение Достоинствен Работник – Прилеп.

Воедно, наведува дека домашните работници се изложени на ризици затоа што нивната работа се врши во приватни домаќинства што често се надвор од дофатот на инспекциските служби и надзорот од страна на надлежните органи. Проблемот е тоа што овие работници не се во функција на системот, и најчесто се непријавени и добиваат дневници.

„Потенцирам, дека на оваа категорија на работници им се негираат основните принципи и права на работа и ги загрозуваат своите животи, здравјето, слободата, човечкото достоинство и својата безбедност во услови на сиромаштија. Според последните проценки на Министерството за економија, сивата економија зафаќа околу 25 проценти од македонскиот домашен бруто-производ, или околу 2 милијарди евра на годишно ниво. Но, сивата економија особено е присутна во индустриските и услужните сектори каде трансакциите и плаќањето со готови пари се вообичаен дел од работењето, и најчесто во секторите угостителство, трговија на зелените пазари, текстилната индустрија, поправка и работа во домови, молерски услуги, козметички и фризерски услуги и други. МТСП мора да воспостави механизам на заштита на оваа категорија на работници и да ја избегнат границата од сивата економија и да бидат рамноправни со другите работници во унапредувањето на работничките права“ – рече Аризанкоски.

За таа цел здружението Достоинствен Работник во партнерство со Гласен Текстилец го реализираат проектот „Подобрување на работните услови на домашните работници во локалните заедници Прилеп и Штип“, поддржан од ФООМ, за проактивна анализа, едукација, заштита и подобрување на условите за работа на работниците.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА