29 Април, 2024
0.0282

Банките кредитори му одговорија на синдикатот на „Фени Индустри“

Објавено во: Економија 03 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Синдикалната организација на СИЕР при „Фени Индустри“ АД Кавадарци, до трите банки кредитори достави Барање за повлекување на предлогот за поведување на стечајна постапка против Фени Индустри АД Кавадарци, како и Одлука за организирање на јавен собир за изразување на јавен протест. Со оглед на сите преземени активности во последните неколку дена и заради објективно и транспарентно информирање на пошироката јавност, ви го доставуваме одговорот што банките кредитори го испратија до Синдикалната организација на „Фени Индустри“

„Целта на поднесувањето на Барањето за поведување стечајна постапка на „ФЕНИ Индустри“ АД Кавадарци во никој случај не беше да се затвори друштвото, туку изнаоѓање сериозен инвеститор, кој преку процес на реорганизација ќе донесе долгорочно издржано решение за ФЕНИ. Стечајната постапка не ја гледаме како финален чин, туку како единствен можен пат преку кој би се реорганизирало друштвото и би продолжило успешно да функционира. Убедени сме дека ова е од заеднички интерес за нас како кредитори и за Вас како вработени.

Од друга страна, пак, врз основа на барање на привремениот стечаен управник и со наша претходна согласност како кредитори, судот ни овозможи да ги покриваме сите потребни трошоци за одржување на неопходните функции на „ФЕНИ Индустри“, вклучувајки ги сите трошоци за струја, мазут и останати неопходни трошоци по проценка на привремениот стечаен управник. Доколку ова не се случеше, „ФЕНИ Индустри“ ќе претрпеше огромни штети. Ниту досегашниот сопственик, ниту кој било друг субјект не беше подготвен да ги преземе овие обврски. Согласно претходно наведеното, евентуалното прекинување на претходната стечајна постапка ќе значи и прекинување на плаќањата од наша страна на овие трошоци, а целата одговорност за евентуални штети ќе падне на товар на сегашниот сопственик и на Вас како официјални претставници на вработените. Сакаме да потенцираме дека, без да располагате со какви било релевентни информации за потенцијалните заинтересирани инвеститори Вие се обидувате да го опструирате овој процес.

На крај, нагласуваме дека целиот процес на изнаоѓање на стратешки инвеститор во рамките на законските прописи е целосно отворен за секој кој што има интерес за инвестирање во „ФЕНИ Индустри“. Интересот на нас како кредитори е „ФЕНИ Индустри“ успешно да работи, да може да ги сервисира своите обврски кон доверителите и да обезбеди солидни услови за работа на своите вработени.“

Можеби ќе ве интересира

ПУТИН ПЛАНИРА ГАСЕН ЦЕНТАР ВО ТУРЦИЈА: Анкара пак размислува за најде замена за рускиот гас

ПУТИН ПЛАНИРА ГАСЕН ЦЕНТАР ВО ТУРЦИЈА: Анкара пак размислува за најде замена за рускиот гас

ЦРНА ГОРА: Наскоро воведуваат седумчасовно работно време

ЦРНА ГОРА: Наскоро воведуваат седумчасовно работно време

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи