01 Мај, 2024
0.0274

Балкански барометар 2018: Оптимизомот расте и кај јавноста и кај стопанството

Објавено во: Мои пари 06 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Задоволството на луѓето и стопанствениците во регионот на Балканот иако е под просекот, постојано се зголемува. Ова е главниот заклучок од годишното истражување Балкански барометар (ББ) 2018 година, што редовно го подготвува Регионалниот совет за соработка (РСС).

Балканскиот барометар е најголемо годишно истражување во регионот и опфаќа преку 6000 илјади луѓе и околу 1200 стопанственици. Станува збор за четврто по ред годишно истражување.

Генерално, поздаволни и пооптимисти се стопанствениците, кои сегашната состојба и предвидувањата за иднината ги оценија со индекс 62 на скала од 1 до 100, додека индексот на мислењето на јавноста пораснал за 7 отсто и од 35 отсто позитивни во 2015 година, сега позитивно мислење за сегашноста и очекувања од иднината, изразиле 43 отсто испитаници.

Што се однесува до резултатите за Македонија, околу 35 отсто од граѓаните изразиле неутралност на прашањето како сте задоволни од тоа како се одвиваат работите во вашето општество. Притоа, 21 отсто изјавиле дека се претежно задоволни, а околу 2 отсто дека се целосно задоволни. Делумно незадоволство изразиле околу 26 отсто од испитаниците а целосно незадоволство околу 17 отсто.


Од услугите што ги нуди централната власт, целосно задоволство изразиле 9 отсто од испитаниците во Македонија. Генерално задоволство 43 отсто, 31 отсто не се ниту задволни ниту незадоволни, 11 отсто се генерално незадоволни, а 4 отсто се целосно незадоволни, додека 2 отсто одбиле да одговорат.

„Иако невработеноста и натаму е најважен проблем со кој се соочува регионот, интересно е дека граѓаните се повеќе како главен предизвик ја гледаат емиграцијата, т.е. одливот на мозоци, со оглед на фактот што тоа го потврдиле 12 отсто од испитаниците, што е за 5 отсто повеќе од 2015 година – изјави Горан Свилановиќ, генерален скеретар на РСС, претставувајќи го Барометарот 2018 година.

Директорката за Западен Балкан при Генералната дирекција на Европската комисија за соседство и проширување Џеновева Руиз Калавера изрази задоволство што може да каже дека регионот полека ја здобива довербата во процесот на интеграција во ЕУ.

„Нема пократок пат во подготовките за влегување во ЕУ, а Унијата е тука да даде подршка и да им помогне на нашите партнери од Западен Балкан, изјазви Рузи Калавера.

Регионалниoт совет за соработка е оперативно меѓувладино тело на земјите членки на Процесот за соработка во ЈиЕ, чиј основач и полноправен член е и Република Македонија.

Можеби ќе ве интересира

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор