12 Мај, 2024
0.0239

Азески уште еднаш со повик да се „неутрализираат“ парафискалните давачки

Објавено во: Финансии 02 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Брано Азески, претседателот на Стоипанската комора на Македонија, ја повика Владата конечно на маса да го стави проблемот со парафискалните давачки на претпријатијата кои ја прават неразвојна и онака кревката македонска економија.

Во 2016 година, по основ на неданочни и парафискални давачки во буџетот се наплатени над 251,5 милиони евра – колку за споредба, истата година по основ на персоналниот данок на доход наплатени се 230 милиони евра, а по основ на данок на добивка 175 милиони евра. А морам да потенцирам дека тоа е само износот кој е уплатен на буџетските сметки – никој нема евиденција за средствата кои се плаќаат на сметките во комерцијалните банки на различните агенции, регулаторни тела и управи.

- Затоа, време е да речеме – доста е! Зголемувањето на конкурентноста бара немилосрдност, и крајно време е за гилотина на овие дополнителни давачки. Ако се промовираме како држава која има рамни даноци, вкупните давачки кон јавниот сектор треба да останат само во рамките на даноците – ако не, дајте да видиме што сé, по која основа и на кого компаниите се должни да плаќаат давачки, да ја процениме оправданоста и целисходноста од постоењето и воведувањето на одредени надоместоци и давачки, да ја усогласиме висината на давачките. Затоа што овие дополнителни давачки и нивната непредвидливост ја уништуваат и онака кревката конкурентност на македонското стопанство - а тоа не смееме да си го дозволиме - вели Азески.

Во Стопанската комора на Македонија уште во 2013 година започнале истражување со цел да се добие целосна слика за вкупното оптоварување на бизнисите со вакви дополнителни давачки, но буџетските податоци од Министерството за финансии  добиле дури на почетокот на оваа година, а тие, според Азески, покажуваат дека ова оптоварување е сериозно големо.



Можеби ќе ве интересира

Повеќе од три милиони клиенти, двојно поголем биланс и една милијарда евра добивка до 2030 година

Повеќе од три милиони клиенти, двојно поголем биланс и една милијарда евра добивка до 2030 година

ТВРДОГЛАВИОТ ДОЛАР ИМ ЈА „КРАДЕ“ ЗАРАБОТКАТА НА АМЕРИКАНСКИТЕ КОМПАНИИ: еве зошто останува „омилена“ валута

ТВРДОГЛАВИОТ ДОЛАР ИМ ЈА „КРАДЕ“ ЗАРАБОТКАТА НА АМЕРИКАНСКИТЕ КОМПАНИИ: еве зошто останува „омилена“ валута

ДАНОК НА БОГАТСТВО: Еве каде се плаќа

ДАНОК НА БОГАТСТВО: Еве каде се плаќа

КИНЕСКИ АМАЗОН ДОСТАПЕН ВО СРБИЈА: Се е со багателни цени

КИНЕСКИ АМАЗОН ДОСТАПЕН ВО СРБИЈА: Се е со багателни цени

ТУРИСТИТЕ ЗБЕСНАА ЗАРАДИ ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА: Бараат луди суми само за кревет, многумина поради тоа веќе ги откажаа одморите!

ТУРИСТИТЕ ЗБЕСНАА ЗАРАДИ ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА: Бараат луди суми само за кревет, многумина поради тоа веќе ги откажаа одморите!

ЌЕ РАСТАТ ПЛАТИТЕ НА ХРВАТСКИТЕ МИНИСТРИ - еве колкави се и во другите земји

ЌЕ РАСТАТ ПЛАТИТЕ НА ХРВАТСКИТЕ МИНИСТРИ - еве колкави се и во другите земји

СЕ ПОВЕЌЕ ЛУЃЕ ГИ КОРИСТАТ КАРТИЧКИТЕ И ЗА СТАВАЊЕ ПАРИ НА СМЕТКА – расте учеството на пластиката во секојдневните активности на граѓаните

СЕ ПОВЕЌЕ ЛУЃЕ ГИ КОРИСТАТ КАРТИЧКИТЕ И ЗА СТАВАЊЕ ПАРИ НА СМЕТКА – расте учеството на пластиката во секојдневните активности на граѓаните

ЗА ЕДНА ГОДИНА СЕ ДУПЛИРАЛ БРОЈОТ НА МИЛИЈАРДЕРИ ВО СВЕТОТ НА КРИПТОВАЛУТИТЕ: Најбогатите одат во затвор

ЗА ЕДНА ГОДИНА СЕ ДУПЛИРАЛ БРОЈОТ НА МИЛИЈАРДЕРИ ВО СВЕТОТ НА КРИПТОВАЛУТИТЕ: Најбогатите одат во затвор

КАКО ПРОПАДНА БОИНГ! Градеа репутација со децении, а потоа им дојде овој авион! Кошмарот продолжува, загуби во милијарди

КАКО ПРОПАДНА БОИНГ! Градеа репутација со децении, а потоа им дојде овој авион! Кошмарот продолжува, загуби во милијарди