„Аутомакедонија“ со кредит од четири банки
Објавено во: Финансии 02 Јули, 2018
Автомобилскиот дистрибутер Аутомакедонија соопшти дека донел одлука да подигне кредит од четири банки во висина од 4,5 милиони евра.
Кредитот во висина од безмалку 4,5 милиони евра се подигнува од Халкбанк, Шпаркасе банка, Охридска банка и НЛБ Тутунска банка и претставува висина од 57 насто од вкупната вредност на имотот на претпријатието.
Кредитната линија ќе се користи за нови
инвестиции, гаранции, обртни
средства и сл.