19 Мај, 2024
0.0297

Атлантик со поволен кредит го потврди квалитетот и довербата на финансиската заедница

Објавено во: Мои пари 04 Мај, 2016

Добивај вести на Viber

Атлантик Група со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ, членка на групата Светска банка) го потпишаа договорот за измена на законот за кредитирање, со кој се дефинираа поволните финансиски закони со што се продолжи рокот за кредитирање на две години, односно до 2021 година. Новиот аранжман е резултат на континуираното исполнување на сите досегашни превземени обврски, промислени стратегии како и успешни бизнис резултати врз основа на кои Атлантик Група ја потврдува уште посилната доверба на финансиската заедница во Хрватска и странство. Вкупниот кредитен пакет изнесува 191,5 милиони евра.

Во однос на финансирањето на преземањето на Дрога Колинска во 2010 година и рефинансирање во 2012 година, со последните измени дополнително се намали проценката на ризикот на инвестициите и исполнување на условите за договорните значително поповолни кредитни аранжмани. Новиот аранжман предвидува синдициран заем од ЕБОР и партнерски комерцијални банки, заемот на ИФЦ и паралелниот билатерален заем од ЕБОР за финансирање на инвестиции во изградба и опремување на модерна фабрика за производство на протеиниски барови во Нова Градишк

„Атлантик Група со овој аранжман уште еднаш покажа дека ја ужива оправданата довербата на меѓународните институции за развој и финансиската заедница, кои во тешки услови и неповолни околности се подготвени да ги поддржат компаниите и проектите, кои покажуваат одговорност, стратегија, проактивност и перспектива. Ние сме горди дека нашите резултати во сите овие области ги препозна пошироката финансиска јавност, па така и кредибилниот финансиски магазин „Euromoney“ не прогласи за најдобро управувана компанија во Хрватска и најдобро управувана компанија во секторот за храна и пијалаци во Централна Европа во 2015 година ", коментира Емил Тедески, извршен директор на Атлантик Група.

„Овој договор ја покажува нашата континуирана посветеност на Атлантик Група и нејзините планови за ширење на работењето преку органски раст и аквизиција. Атлантик Група е долгогодишен партнер на ЕБОР и пионер во корпоративното управување и транспарентност што го покажа и со вклучувањето во ГРИ (Global Reporting Initiative). На компанијата и предвидуваме светска перспектива како на домашниот така и на меѓународните пазари па така остануваме силна поддршка за понатамошен развој на компанијата“, изјави Жил Мететал, директор на секторот за индустрија, трговија и земјоделие на ЕБОР.

Вкупниот договорен кредитен пакет изнесува 191,5 милиони евра, од кои ЕБОР со партнерските банки од групацијата Ерсте банка, Рајфајзен банка, Сбербанк и Уникредит банка учествуваат со 146 милиони евра, ИФЦ со 38 милиони евра, додека ЕБОР со паралелно билатералниот заем за инвестирање во ова Градишка учествува со 7,5 милиони евра.

Можеби ќе ве интересира

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО