АТИНА СЕ ЗАГРЕВА: Стотици илјади Грци во одбрана на терминот „Македонија“
Објавено во: Балкан 03 Февруари, 2018
Во Атина утре на протест во центарот на градот против употребата на терминот „Македонија“ во решението ќе дојдат стотици илјади луѓе.
Организаторите сметаат дека бројката ќе ги надмине сите досегашни собири во Атина во последните години.
Грците велат дека протестот е над сите политички партии и неговата порака е патриотска и непартиска.
На протестот ќе се појават и пратеници од опозициската Нова демократија, откако лидерот на партијата Кирјакос Мицотакис изјави дека партијата го почитува изборот и на оние кои решиле да одат на протест и на оние кои нема да одат.
Поранешниот премиер Андонис Самарас објави видео во кое вели дека „недела ќе биде голем ден за земјата“.
Главен говорник на утрешниот протест ќе биде грчкиот композитор Микис Теодоракис, кој е еден од најголемите критичари на обидите на грчката Влада да го реши долгогодишниот спор за името, со тоа што ќе прифати зборот „Македонија“ да се содржи во иметот на соседот.
Дури и свештени лица повикаа Грците да излезат на протест.