(ФОТО) АТИНА ПОД ПОЛИЦИСКА ОПСАДА: Неколку часа до големиот протест во Грција за името на Македонија
Објавено во: Балкан 04 Февруари, 2018
Сериозни безбедносни мерки во грчкиот главен град пред демонстрациите кои се закажани за денеска а се насловени како „Македонија е Грчка“.
Протестот ќе ги собере на едно место противниците на употребата на зборот „Македонија“ .
Се очекуваат над 1500 автобуси од целата земја да пристигнат на плоштадот „Синтагма“, за да ги донесат учесниците во настанот што ќе започне во 14 часот, а според фотографии од грчките медиуми плошадот веќе се полни.
Грлката полиција изготвила план за драконски мерки за безбедност и специјални зони, ќе бидат создадени бариери а на готовс се 19 000 полицајци.
Грчките свештеници исто така ќе земат учество во протестот. Поранешниот премиер Андонис Самарас и неговата партија „Нова демократија“ исто така го поддржа настанот. Во исто време ќе има и фудбалски натпревар и е можно во акцијата да се вклучат и фудбалски навивачи.
Според локалните медиуми, не е исклучено да се дојде до немири поради организираните во исто време контрадемонстрации во Атина.
Според последните анкети пренесени од грчкиот медиум „Прототема“ 56% од граѓаните проценуваат манипулации кај Алексис Ципрас.
Поконкретно, 71,5% не ја прифаќаат употребата на терминот „Македонија“, додека 22,5% велат „да“ на сложено име и 6% не одговараат.
Во исто време, граѓаните проценуваат дека однесувањето на Алексис Ципрас е во погрешна насока.