17 Мај, 2024
0.0291

Асад не верува огнот во Сирија да запре, Турција и се закани на Русија поради воздушни напади

Објавено во: Свет 16 Февруари, 2016

Добивај вести на Viber

Сирискиот претседател Башар Асад смета дека постигнување на прекин на огнот ќе биде многу тешко. Примирјето беше предложено од големите сили и теоретски требаше да влезе во сила уште од крајот на оваа недела.

Тоа нема да влијае на џихад групите како „Исламска држава“ или вооруженото крило на „Ал Каеда во Сирија“ Фронт ал Нусра.

Асад ја објасни својата позиција дека прекин на огнот не значи дека сите ќе го положат оружјето. Според него овој концепт значи да се запре зајакнувањето на позициите на терористите, да ги спречат да превезуваат оружје и муниција.

Сирискиот претседател истакна дека никој не е во состојба да ги исполни потребните услови. „Ако една терористичка организација откаже запирање на огнот, кој ќе води сметка за тоа? Во пракса да се зборува за примирје е многу тешко“, рече Асад во Дамаск.

Во меѓувреме, Министерството за надворешни работи на Турција смета дека руските воено-вселенски сили нанеле удари по цивили во северниот дел на Сирија.

Ова се вели во барањето на турскиот надворешно-политички завод кое го објавија светските медиуми.

Според него, „во рамките на последните 24 часа како резултат на извршен, како што се тврди од руски воени сили, напад со употреба на ракети и авиони против училиште во градот Азаз и болница предводена од „Лекари без граници“ во градот Идлиб, загинале повеќе од 30 невини мирни граѓани, повеќето од нив - жени и деца а повредени се повеќе од 100 лица, тврди уште турското Министерство за надворешни работи.

Во врска со овие тврдења Турција упати нова закана кон Русија.

Ако таа не престане и продолжи со слични напади, Анкара ја уверува дека ја очекуваат „многу поголеми и сериозни последици“.

„Лекари без граници“ не прецизираат кој го нанел воздушниот удар. Познато е само дека во областа во која се наоѓа болницата, паднале четири проектили.

Таму работат 54 лица од меѓународната организација. Американската влада исто така не може да потврди дека одговорноста за бомбардирањето против граѓански објекти во Сирија, ја носи Русија. Ова го изјави на брифингот портпаролката на Белата куќа Сузан Рајс.

Можеби ќе ве интересира

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра