19 Мај, 2024
0.0326

Арнаутовиќ казнет од УЕФА откако го пцуеше Алиоски

Објавено во: Македонија 16 Јуни, 2021

Добивај вести на Viber


Европската куќа на фудбалот УЕФА одлучи да го суспендира фудбалерот на Австрија, Марко Арнаутовиќ, со еден натпревар суспензија за погрдните зборови кон македонскиот репрезентативец Езгијан Алиоски во неделниот натпревар од Европското фудбалско првенство што се играше во Букурешт. Тоа значи дека напаѓачот го го пропушти следниот меч против Холандија.

„Во случајот во кој Марко Арнаутовиќ е обвинет за навреди упатени кон друг фудбалер, донесена е одлука Арнаутовиќ да биде суспендиран на еден натпревар“, одлучи УЕФА.

Европската фудбалска централа назначи етички и дисциплински инспектор да го испита наводниот расен испад на поранешниот играч на Стоук и Вест Хем, кој во моментов игра клупски фудбал во Кина.

Марко Арнаутовиќ беше под истрага на УЕФА по неговиот наводен растистички напад. Тој наводно ја опцул „албанската мајка на Алиоски“.

Инцидентот се случи во 89. минута од натпреварот на Националната арена во Букурешт кога, откако постигна гол за победа од 3-1,  Арнаутовиќ, кој има српско потекло, упатил сочни пцовки бранителот Егзон Бејтулаи и Алиоски, кои двајцата имаат албански корени.

Алиоски потоа рече дека не го слушнал добро што зборува Арнаутовиќ, но видео снимките може тоа да го утврдат.

Можеби ќе ве интересира

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична