19 Мај, 2024
0.0306

Армаколас за МИА: Опасно е да се бара толкување на историјата и тоа да услов за ЕУ

Објавено во: Македонија 05 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Како неправедна разврска гооцени блокирањето на процесот за почеток на пристапни преговори на Македонија професорот од Универзитетот „Македонија“ во Солун и виш научен соработник во грчката Фондација за надворешна политика „ЕЛИАМЕП“, Јанис Армаколас. Тој во разговор за МИА вели дека и Грција можеби може да помогне.

Приговорите и барањата на Бугарија може да се разберат, бидејќи се однесуваат на идентитетски прашања што допираат до јадрото на односите меѓу соседните земји на Балканот. Но, она што не може да се разбере е дека Софија го блокира почетокот на преговорите на Македонија, а можеше да дозволи почеток, па подоцна, на кооперативен, а не на конкурентен начин, да се стреми кон согласување и договор со Македонија, објаснува професорот.

Армаколас истакнува дека токму ова е суштината на преговорите, да им се даде време, но и алатки на државите за европеизацијата, како на внатрешната политика, така и на билатералните разлики.

„Сметам дека е особено опасен патот на кој се поставува толкување и одново толкување на поновата историја како де факто условеност од ЕУ или од нејзини држави членки кон земјите кандидати за членство. Таквата пракса може да ја отвори Пандорината кутија и да ја поткопа иднината на европската перспектива на останатите балкански земји. Ако дозволиме, па дури и индиректно, оваа перспектива да преовладее во регионот, што до неодамна беше во вителот на војните, а дури и денес постојат низа разлики што произлегуваат од војните, можеме да бидеме доведени до целосен неуспех и прекин на интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ, вели Армаколас и додава дека ваквото сценарио би имало поразителни последици пред сѐ за земјите членки од регионот, како што се Грција, Бугарија, Хрватска итн.


Можеби ќе ве интересира

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична