Aрафат Муареми е негативен на коронавирус
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 02 Јуни, 2020
Директорот на Финансиска полиција, Арафат Муареми објави дека е негативен на коронавирус.
„Ги добив резултатите од тестирањето за Ковид-19 и истите се НЕГАТИВНИ. Согласно препораките на епидемиолозите и понатаму останувам во домашна изолација до 09.06.2020. Воедно, сакам да ви искажам бескрајна благодарност за пораките и за грижата која што ја добив од ваша страна по вчерашното објавување на веста.
На сите оние кои што во овој момент се борат против вирусот им посакувам брзо закрепнување, а до сите останати сакам да упатам апел за строго почитување на мерките и препораките од надлежните институции“, пишува тој на Фејсбук.
Повеќе претставници на власта се позитивни или се во самоизолација.