18 Мај, 2024
0.0309

АНКЕТА: Македонците се несреќни, но веруваат дека 2021 година ќе биде подобра

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 23 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Македонците се несреќни, но оптимисти дека ќе биде подобро. 

Граѓани се оптимисти дека 2021 ќе биде подобра година од оваа 2020 година. Сепак,  оптимизмот не е баш присутен кога станува збор за економскиот просперитет, покажува последното истражување на јавното мислење направено од агенцијата Брима.

Половина од Македонците веруваат дека идната година ќе биде подобра од оваа, а 26 отсто сметаат дека ќе биде полошо, додека 22 отсто не очекуваат никаква промена. На глобално ниво 43 отсто од граѓаните очекуваат подобра година додека 24 отсто рекле дека ќе биде полошо. 

Сепак, 52 отсто од граѓаните очекуваат идната година да биде полоша од оваа на економски план, а 28 отсто очекуваат идната година да биде година на економски просперитет. 

Анкетата покажува дека македонските граѓани имаат многу повеќе надежи од останатите во светот, но се чувствуваат многу понесреќни. 

„Глобалниот индекс на надеж во глобални рамки изнесува плус 19 отсто, а во земјава плус24 проценти. Индексот на среќа, пак, на светско ниво е  плус 40 отсто, а во  Македонија минус 3 проценти“, оценува Брима. 

29 отсто од Македонците на анкетата рекле дека се чувствуваат среќни, 38 отсто ниту среќни ниту несреќни, а 32 отсто се чувствувале несреќни.

Анкетата на Брима е спроведена во периодот од 1 до 9 декември годинава на репрезентативен примерок од 504 испитаници. 

Можеби ќе ве интересира

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?