11 Мај, 2024
0.0277

АНКЕТА: Еве што мислат Бугарите за случувањата во Македонија

Објавено во: Македонија, Балкан 11 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Истражувањето на „Галуп интернешнл“ покажува дека граѓаните на Бугарија се загрижени за настаните во Македонија.

Случувањата во земјава се многу важни за Бугарија, одговориле 52% од бугарските граѓани на анкетата. 

На прашањето тоа што во моментот се случува во Македонија е многу важно за Бугарија, 52% од испитаниците одговориле со „да“,  12 со „не“ и 32 со „не знам“.

Од анкетата се гледа дека Бугарите не се добро запознаени со темата, но веруваат дека е важна и предизвикува загриженост кај нив. Иако, преовладува мислењето дека кризата ќе се продлабочи, една десетина од испитаниците се со став дека тоа што се случува во Македонија не е важно за Бугарија.

Историската блискост меѓу двете земји влијае на одговорите, па така со цел да се измери чувствителноста и општиот однос кон случувањата во Македонија во прашањето намерно не е прецизирано за какви настани станува збор и е оставено само „тоа, што се случува во Македонија“, пишуваат бугарските медиуми. 

Македонија е меѓу првите десет земји, кои Бугарите ги сметаат за блиски, покажува неодамна спроведеното истражување на „Галуп интернешнл“ за ставот на Бугарите кон 42 други држави.

Месечните истражувања на „Галуп интернешнл“ сепак покажуваат доза на недоверба на бугарските граѓани кон Македонија. Бугарите имаат недоверба во однос на македонските политичари, додека кон македонските граѓани и земјата во целина односите ги оценуваат како блиски. Доказ за тоа е истражувањето од 2015 година, за време на политичката криза во Македонија.

На прашањето дали сте согласни или не дека бегалците од Македонија се закана за националната безбедност на Бугарија, 67% од Бугарите одговориле „не“, наспроти 10 проценти со „да“ и 23% со „не знам“.  

Можеби ќе ве интересира

Деспотовски не возвраќа на коментарите на Мицкоски: Резултатите зборуваат за мене

Ѓорѓи Спасов: Не смееше да има зголемување плати и проблеми со замена на документите

Ѓорѓи Спасов: Не смееше да има зголемување плати и проблеми со замена на документите

Али Ахмети: ВЛЕН да се држи до заедничкиот договор

Али Ахмети: ВЛЕН да се држи до заедничкиот договор

ЗАВРШИ ПРВАТА СРЕДБА: За што зборуваше Мицкоски со Меџити, Таравари, Гаши и Касами?

ЗАВРШИ ПРВАТА СРЕДБА: За што зборуваше Мицкоски со Меџити, Таравари, Гаши и Касами?

Докторот Вучевски од тетовската болница целосно ослободен од обвинение

Докторот Вучевски од тетовската болница целосно ослободен од обвинение

ВМРО-ДПМНЕ: Нема да не заплашат тактиките на страв и манипулација на ДУИ

ВМРО-ДПМНЕ: Нема да не заплашат тактиките на страв и манипулација на ДУИ

Мицотакис до ВМРО-ДПМНЕ: И јас не се согласував, но мора да го почитувам Договорот од Преспа

Мицотакис до ВМРО-ДПМНЕ: И јас не се согласував, но мора да го почитувам Договорот од Преспа

Изет Меџити: Заканите од ДУИ се бесмислени

Изет Меџити: Заканите од ДУИ се бесмислени