17 Мај, 2024
0.0289

Ангеловска-Бежоска: ЕБОР како алтернативен извор на финансии за домашните компании

Објавено во: Економија 07 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

Македонската економија закрепнува, а банкарскиот систем во земјава е стабилен и солвентен. Тој е во кондиција којашто овозможува понатамошна поддршка на економијата, соопштила гувернерката Анита Ангеловска Бежоска на работната средба вчера со делегација на Одборот на директори на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), која е во неколкудневна посета на земјава. 

Од кабинетот на гувернерката соопштија дека на средбата, акцентот бил ставен на дел од приоритетите кои ќе треба да бидат инкорпорирани во стратегијата на ЕБОР за Република Македонија за претстојниот четиригодишен период.

Пред претставниците на ЕБОР, гувернерката зборувала и за просторот за понатамошна консолидација на банкарскиот сектор, како и на потребата за развој на останатите сегменти на финансискиот систем и развој на алтернативните извори за финансирање, особено за малите и за средните претпријатија. 

„Токму во овие сегменти се воочи простор за натамошна поголема вклученост на ЕБОР. Воедно, гувернерката Ангеловска-Бежоска се осврна и на новата концепт-стратегија на ЕБОР за Република Македонија, укажувајќи на добро дефинираните приоритети, особено во областа на инфраструктурата и финансискиот сектор, како клучни предуслови за зголемување на конкурентноста и продуктивноста на економијата, стои во соопштението.

Делегацијата е предводена од директорот на ЕБОР за Холандија, Кина, Монголија, Македонија и за Ерменија, Франс Викерс и од директорката на ЕБОР за Полска, Бугарија и за Албанија, Виолета Барвицка-Лофтхаус.

Досега ЕБОР има вложено над 1.8 милијарди евра во 113 проекти во Република Македонија, со цел поддршка на интеграцијата на земјава во регионалните и глобалните пазари, преку инвестиции и политички дијалог и особено преку интензивирање на соработката со клучните партнери како Европската Унија и Европската инвестициона банка.


Можеби ќе ве интересира

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија