19 Мај, 2024
0.0258

АНАЛИЗА НА ЕБРД: Пандемијата на коронавирусот може да доведе до банкрот многу мали и средни компании

Објавено во: Економија, Корона Вирус 19 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Пандемијата на коронавирусот ќе има негативно влијание врз економиите во регионот опфатени со Европската банка за реконструкција и развој (ЕБРД), но кога епидемијата ќе се намали, се очекува силно закрепнување, оценува  се вели во ЕБРД. Економската анализа вели дека се очекува долгорочна реорганизација и пренасочување на глобалните синџири на снабдување, што може да создаде нови можности за земјите кои традиционално не биле на врвот на листата на инвеститори.

Анализата на ЕБРД покажува и дека експанзијата на вирусот има огромно влијание и врз понудата и побарувачката, а крајното економско влијание ќе зависи од времетраењето на пандемијата, како и од одговорот на владите на клучните извозни пазари.

- Во некои сектори, телекомуникациските работници можат да продолжат, но во други, производството ќе биде нарушено. Напорите за спречување на епидемијата ќе резултираат со помала употреба на услуги, како што се ресторани, рекреација и, до одреден степен, сообраќај и исто така ќе влијаат негативно на потрошувачката на домаќинствата. Некои домаќинства може да ја одложат набавката заради неизвесноста предизвикана од пандемијата, се истакнува во оценката на ЕБРД.

Како што се намалува побарувачката, многу бизниси, особено малите и средни бизниси, може да доживеат остар пад на приходите и намалена ликвидност, а некои, доколку се задолжат, може да ризикуваат од банкрот. Индиректните ефекти се очекуваат, исто така, како резултат на нарушување во синџирот на снабдување, послаба побарувачка, пониски цени на нафтата и стоките и регионалните падови во туризмот и патувањето.

-Се очекува туризмот во 2020 година да се намали во однос на прогнозираниот раст од три до четири проценти. Ова се очекува особено да ги погоди јадранските и медитеранските земји, како и Кавказот, каде туризмот е важен дел од растот на БДП. Во потемно сценарио, доколку кризата трае подолг, голем број компании би можеле да се насочат кон отпуштања, што дополнително ќе ја влоши побарувачката, се вели во анализата.

ЕБРД инвестира во 38 брзорастечки економии на три континенти и започна итен пакет солидарност од една милијарда евра за поддршка на компаниите во земјите погодени од криза. 


Можеби ќе ве интересира

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници