17 Мај, 2024
0.0446

Анализа: Филипче го вреднуваше трудот на специјализантите, за прв пат добија плата во негово време

Објавено во: Мои пари 22 Март, 2024

Добивај вести на Viber

Познатиот неврохирург Венко Филипче, беше првиот министер за здравство кој младите специјализанти ги вклучи во креирање на здравствените политики. Тој се залагаше секој млад здравствен работник својата иднина да ја гледа во јавното здравство. Во време на неговиот мандат како министер за здравство беа спроведени многу политики со цел да се мотивираат младите лекари и да бидат задоволни од својата работа. Филипче се залагаше за соодветно вреднување на младите лекари, негова цел беше идните специјалисти да почувствуваат дека и тие се дел од тимот на здравствениот систем.

Со измените кои се направија во Законот за здравствена заштита, се смени времето што специјализантот требаше да го одработи во установата по завршување на специјализацијата во траење еднакво на должината на траењето на специјализацијата. Во мандатот на Филипче се намали и висината на средствата што требаше да ги надомести специјализантот ако предвреме ја напушти установата. 

Со политиките кои ги спроведуваше, Венко Филипче се залагаше за подобрување на статусот на специјализантите, на квалитетот на едукацијата и условите во коишто работат.

Во период од 4 години (2019-2022) беа одобрени илјада специјализации и супспецијализации. Со промените на Законот се овозможи младите лекари идни специјалисти да поминат на работа шест месеци во јавните здравствени установи. Освен што им овозможи веднаш по добивањето на лиценца да им бидат отворени вратите на јавните здравствени установи и да работат со пациенти, за прв пат во историјата на државата, Филипче овозможи специјализантите и да бидат платени за својот труд. Претходно приватните специјализанти, за време на специјализацијата работеа без пари. Почнувајќи од 2018 година, приватните специјализанти за првпат земаа плата. Месечниот надомест беше во висина на просечна плата, односно како плата на општ лекар.

Креирањето на здравствените политики на младите лекари специјализанти не застана тука, во мандатот на Венко Филипче како министер за здравство, тие добија и платени дежурства. Последна реформа која ја спроведе тогаш министерот Филипче, беше здравствено осигурување за приватните специјализанти. За жал, оваа мерка беше укината откако Филипче замина од министерската функција.

Венко Филипче иднината на јавното здравство ја гледа во младите лекари, затоа кога беше министер тие му беа партнер за креирање политики. Но, освен материјалните вреднувања на нивниот труд, тој се залагаше и за нивна едукација и усовршување. Специјализантите се верниот тим на неврохирургот Филипче во операционите сали на Клиниката за Неврохирургија. Тој често знае да објави како со неговите млади колеги оперира, тоа е инвестирање во нивното знаење, односно инвестиција во модерен здравствен систем, смета неврохирургот.

Вчера Венко Филипче застана зад барањата на приватните специјализанти, кои бараат месечниот надомест да им се зголеми. Месечните примања на приватните специјализанти останаа на висина од 26.000 денари, кои ги добија во времето на Филипче.

Неврохирургот, на својот Фејсбук профил напиша:

„Одлуките за нивните права и барања секогаш ги носевме заедно во еден инклузивен процес. Тоа така мора да продолжи и во иднина. Приватните специјализанти треба да бидат платени и понатаму во согласност со растот на платите на лекарите. Колешките кои работат со мене на оваа операција се специјализантките Катерина и Марина. Клучно за развојот на сите млади лекари е да им пренесуваме знаење. Но, тоа не е доволно, потребно е тие да бидат соодветно платени за својот труд. Од нивната работа зависи здравјето на граѓаните и денес и во иднина“.

фото Фејсбук/Венко Филипче

Можеби ќе ве интересира

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Н.Д. ОД ТЕТОВО ГО ОСВОИ НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ

Н.Д. ОД ТЕТОВО ГО ОСВОИ НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ

Бимилк го прослави светскиот ден на семејството: НТЦ семинар за вработените и стручните лица од образовните институции со д-р Ранко Рајовиќ

Бимилк го прослави светскиот ден на семејството: НТЦ семинар за вработените и стручните лица од образовните институции со д-р Ранко Рајовиќ

„Макпетрол“: Со позитивна енергија во Градски Парк да застанеме на патот на врсничкото насилство

„Макпетрол“: Со позитивна енергија во Градски Парк да застанеме на патот на врсничкото насилство

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени

14 македонски студентки по технички науки на првиот глобален состанок на иницијативата Global Engineer Girls на Групацијата Лимак

14 македонски студентки по технички науки на првиот глобален состанок на иницијативата Global Engineer Girls на Групацијата Лимак