Ако заминувате на работа во Австрија, еден услов мора да се исполни
Објавено во: Економија, Корона Вирус 15 Мај, 2020
Работниците од Македонија ќе можат да одат на работа во Австрија, но за да го избегнат карантинот ќе мора да приложат потврда дека се негативни, изјави австрискиот амбасадор во земјава, Георг Вуцас.
„Денес ако има валидни документи секој македонски граѓанин може да патува во Австрија. Обврска е при влез во Австрија да помине во 14 дневен карантин, кој што може да се избегне ако поседувате здравствен сертификат. Секако треба да имате место каде ќе престојувате“, изјави амбасадорот Вуцас.
Тој нагласува дека има поголем број македонски државјани кои работат во Австрија и затоа што сега се обновува економијата, постои потреба од нив.