29 Април, 2024
0.0251

Ако iPhone не се викаше iPhone

Објавено во: Стил 09 Март, 2013

Добивај вести на Viber

Имало реална шанса светски најпознатиот телефон да не се вика iPhone. Кога требало да се одлучи како да наречат уредот, во компанијата разговарале и други четири имиња, пренесуваат американските медиуми. Ова го објави поранешниот маркетинг директор на Apple, Кен Сигал за време на неговата презентација на Универзитетот во Аризона. Сигал раскажа подетално за останатите предлози: Telepod Во Apple размислувале да крстат уредот "Telepod", бидејќи звучи како футуристичко искривување на зборот "телефон", кажал Сигал. Зборот "pod" е поврзан и со исклучително успешната серија музички плеери iPod. Mobi Зборот "mobi" е кратенка што се користи за зборот "mobile" (мобилен), и беше еден од предлозите за име на овој смартфон. Tripod "Кога името не беше избрано за победник, дадов приговор на официјалната презентација на iPhone", раскажува Сигал. Логиката за зборот Tripod доаѓа од таму дека iPhone е телефон со iPod и интернет конекција - а Apple рекламира оригиналниот iPhone како точно таква комбинација. Во моментов, сепак платформата на iPhone е многу повеќе од телефон и мултимедијален плеер, и вклучува App Store и редица други Apple апликации. iPad Иако iPad подоцна беше избрано за име на таблетот на Apple, тоа исто така беше меѓу предложените имиња за смартфонот. Всушност, iPhone поседува голем дел од карактеристиките кои нуди iPad, па името немаше да биде нелогично. Ова име исто така покажува интересни аспекти од процесот на развој на Apple iOS уредот, споредлува Сигал. Стив Џобс претходно откри дека во Apple се разработуваат проектите за таблет пред овој за паметен телефон, но на крајот приоритизација iPhone. Кога смартфонт беше пуштен во продажба за прв пат, постоеше спор, бидејќи технолошкиот гигант Cisco ја поседува марката "IPHONE" за системот за IP телефонија, која нуди. Двете компании го завршија спорот, се согласија и двете да го користат името, раскажа  Кен Сигал

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти