16 Мај, 2024
0.0314

Акционерите на Комерцијална сепак ја изгласаа поделбата на дивидендата: Се чека Уставниот суд

Објавено во: Економија 30 Март, 2021

Добивај вести на Viber

Изгласана е одлуката за поделба на дивиденда - акционерите на Комерцијална банка на годишното собрание кое се одржа вчера сепак усвоија одлука да се дели добивката како дивиденда, а изгласан е и дивиденден календар. Овој пат само со таа разлика што не се утврдени точните датуми туку во одлуката стои дека исплатата на дивидендата ќе започне по истек на најмалку дваесет дена од денот кога за Банката ќе престане да важи ограничувањето од Народната банка за распределба и исплата на дивиденда за 2020 година. Како што е познато годинава, регулаторот, односно Народната банка им забрани на банките да делат дивиденда од остварените добивки лани, привремено. На тоа бурно реагираа банкари, особено Комерцијална банка чиј Надзорен одбор ден пред оваа одлука на Централната банка имаше усвоено предлог одлука за поделба на добивката, дел и како дивиденда. Иако се согласија да ја почитуваат забраната, акционери на Комерцијална банка на чело со долгогодишниот прв човек Хари Костов оваа одлука на Народната банка ја оспорија на Уставен суд

Комерцијална банка вчера го одржа редовното Годишно собрание. Како што известија потоа акционерите потврдиле дека банката ја заврши 2020 година со бруто-добивка во износ од 2.067,1 милиони денари. По пресметување на данокот на добивка од 155,1 милиони денари, нето-добивката на Банката изнесува 1.911,9 милиони денари.

Акционерите на Банката донесоа Одлука за употреба и распоредување на нераспределената добивка во износ од 1.911,9 милиони денари и ја утврдија дивидендата за обичните акции во висина од 60 отсто од номиналната вредност на акцијата, односно по 600 денари на една акција. Исплатата на дивиденда ќе започне по истек на дваесет дена од денот кога за Банката ќе престане да важи ограничувањето од НБРСМ за распределба и исплата на дивиденда за 2020 година, стоеше во известувањето.

Инаку како дивиденда ќе се дели износ од 1.367.440.200 денари. Во усвоената одлука стои дека ќе се подели кога ќе престане важноста на одлуката на НБРМ или кога некој друг надлежен орган ќе донесе одлука - секако мислејќи на одлука на Уставниот суд каде веќе има иницијатива за утврдување на уставноста на забраната на НБРМ.

Во усвоениот дивиденден календар пак стои дека исплатата ќе биде на 25 мај или најрано по истекот на дваесетиот ден од престанокот на ограничувањето на НБРМ.

Хари Костов, Главниот извршен директор на Комерцијална банка и адвокатот Игор Спировски, поранешен судија во Уставниот суд, заедно со поголем број акционери на Комерцијална банка, меѓу кои се Адора инженеринг, ИГМ Трејд, Гранит, Промедика, Макпетрол, Македонијатурист, ЗСФ ком, Раде Кончар ТЕП, Раде Кончар Сервис, Раде Кончар Апаратна техника, Смелтинг, Езимит вино ДОО Штип и поголем број физички лица-акционери на Комерцијална банка на 12 март до Уставниот суд поднесоа иницијатива за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за привремено ограничување на распределбата и исплатата на дивиденда на акционерите на банките, донесена од Советот на Народната банка на 26 февруари 2021 година.

„Во ниту една одредба од Законот за Народната банка не е утврдено овластување на Советот со свој акт да пропише ограничување на распределбата и исплатата на дивидендата на акционерите на банките, независно од целите што Советот на НБМ сакал да ги постигне. Со донесувањето на оспорената Одлука, подносителите на иницијативата сметаат дека Советот ги пречекорил своите овластувања и надлежности утврдени со закон и дека таквата одлука во правната теорија и судската пракса се смета за ништовна, соопштија тогаш.

Таа иницијатива се уште не ставена како точка на дневен ред на седница на Уставниот суд. Од судот соопштија дека неделава нема да имаат седница поради ситуацијата со коронавирусот.

Веднаш по поднесената иницијатива од Народната банка изјавија дека Одлуката е донесена согласно со Законот за Народната банка, во функција на остварување на законската цел за одржување на стабилноста на финансискиот систем. Согласно истиот закон, според нив, стабилноста на банкарскиот систем и мерките што се преземаат заради постигнување и одржување на неговата стабилност се од јавен интерес.

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА