17 Мај, 2024
0.0262

АКЦИОНЕРИТЕ МУ ДАДОА „ПАС“ НА МИНЧО ЈОРДАНОВ: Зградата на „Бетон“ ќе се продава, ќе се нуди и имотот во Ѓорче Петров

Објавено во: Економија 15 Март, 2022

Добивај вести на Viber

Акционерите на градежната компанија „Бетон“ го усвоија предлогот кој дојде од менаџментот на чело со Минчо Јорданов и на акционерското собрание кое се одржа во петокот дадоа зелено светло да се продаде деловно административната зграда на компанијата. На ова вонредно собрание поминаа и други предлог одлуки меѓу кои и продажбата на голема квадратура деловен простор кој „Бетон“ го поседува, а е лоциран во општина Ѓорче Петров. Тука спаѓаат повеќе катастарски парцели во зградите на улицата Кирана. 

Акционерите гласаа за и за одлуката по која ПЗУ Ре-Медика, болницата на чие чело е неговата сопруга, ќе може да му позајми на „Бетон“ 200 милиони денари (3,2 милиони евра). Заемот е рамковен, а делови од вкупната позајмица треба да се даваат секогаш кога „Бетон“ ќе има потреба за тоа. 

Фактор веќе пишуваше дека јавноста е изненадена од овие одлуки, особено што наеднаш се продаваат клучни објекти на компанијата. Претходно лани, како што пишуваше Фактор, акционерите одлучија потврдно за продажба на хотелот Аура во Охрид, и за продажба на недоградениот хотел на „Бетон“ во центарот на Скопје. 

Инаку деловно административната зграда на Бетон е препознатлив и поголем објект во скопската населба Капиштец. 

„Се одобрува продажба на недвижен имот деловна административна зграда во Скопје, на улицата Миле Поп Јорданов бр.32а - Скопје, стои во одлуката.

Откако се усвои треба да се прави проценка на имотот и да се објави оглас за да се најде купувач. 

Нема детални објаснувања на што се должи одлуката да се распродава овој имот.

Како што пишувавме во октомври лани, акционерите на градежната компанија „Бетон“ ја усвоија одлуката за префлување на долгот за црквата Св. Цар Константин и Елена во центарот на Скопје кон приватната здравствена установа Ре-медика. Сега оваа црква веќе ќе и припаѓа на болницата. Стануваше збор за долг кој кон Бетон го имаат фондацијата Св. Константин и Македонската православна црква (МПЦ) од точно 270 милиони денари (4,4 милиони евра).

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА