26 Април, 2024
0.0339

Акцијата на „Гранит“ – бајадерата на македонските маркет мејкери

Објавено во: Економија 15 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Асоцијацијата со името на компанијата е одраз на нејзината позиција на пазарот на харти од вредност. Дивидендна во континуитет, лесно достапна, застапена во чести циклуси со значајни ценовни прогресии, со висока книговодствена вредност, поседувана од сите институционални инвеститори. Логично е да биде „бест бај“

Акцијата на најголемата македонска градежна компанија е евергрин мелодија за македонскиот пазар за хартии од вредност. Ако се обидеме да направиме асоцијација со препознатлив бренд оваа акција за нашите трејдери и маркет мејкери е истото што и хрватската „бајадера“ на нашиот кондиторски пазар, „жолтата тиквешка лозова ракија“ на пазарот на жестоки домашни пијалоци, „вегетата“ на пазарот за зачини или „стоби флипсот“ на пазарот на грицки.

Едноставно акцијата на „Гранит“ е неизбежен адут или џокер во секое пристојно портфолио макар и на просечен инвеститор. Оти за сите паметни важи девизата „ купи тоа што не губи вредност, а чекај додека да порасне“.

Повод и инспирација на оваа кратка анализа е последната објава на „Гранит“ на барање на Македонската берза за хартии од вредност со која се бара објаснување дали компанијата има ценовно чувствителна информација за растото на пазарната цена. Нормално, „Гранит“ одговара дека нема таква информација. А и крајно време е водечките луѓе на берзата да размислат како да го преформулираат ова правило за известување затоа што од оваа временска перспектива делува анахроно и тотално надминато.

Не прашувајте, знаете дека „Гранит“ е блу чип, еден од неколкуте заштитни знаци на Македонската берза, акција без која не може да се замисли нашиот акциски индекс МБИ-10, кој веќе втора година има и свој инвестициски фонд МБИ-10 што само по себе е потврда за „минатиот труд“ на најдобрите македонски акции.

Зошто „Гранит“ е посакувана акција?

Прво, затоа што со години наназад е синоним за најуспешна домашна градежна компанија која секоја година дели дивиденда на своите акционери и во континуитет остварува добивки од своето работење.

Второ, затоа што „Гранит“ и регионално гледано и споредувано, со сите свои недостатоци и предизвици, е еден од најуспешните компании специјализирани за нискоградба со долга листа на впечатливи изведени инфраструктурни проекти. Токму заради тоа „Гранит“ секогаш е првиот пик на драфтот на некоја голема европска градежна компанија која би одлучила во нашиот Западен Балкан да оди на една од операциите: превземање или спојување.

Трето, заради редовната и дисциплиниран политика на дивиденди „Гранит“ е значаен стек во портфолијата на приватните пензиски фондови од вториот столб, тој е еден од клучните стекови во портфолијата на приватните отворени фондови од третиот пензиски столб, а е значајно застапен и во активата на други отворени фондови и во вложувањата на приватни физички лица кои се занимаваат професионално или полупрофесионално со вложувања во акции на „Македонската берза“.

„Гранит“ направи чудо

Четврто, факт кој е значаен катализатор за раст на пазарната цена на „Гранит“ е високото ниво на „фри флоат“ (многу високо учество на акции слободни за тргување на пазарот) во однос на вкупниот број на акции. Кога на ова ќе се додаде „ред бул“ информацијата дека книговодствената вредност на таа акција е околу 1.700 денари што е еден од клучните моменти кај нашите инвеститори при носење на одлуки за вложување акцијата на „Гранит“ добива крилја!

Петто, е актуелниот политички момент и очекувањата за добивање датум во контекст на состојбата во која во светот на нашите финансии каматите за депозити се се пониски, а дивидендите држат ниво и акциите привлекуваат повеќе интерес за вложување. Тоа е катализатор за раст на пазарните цени на акциите на што се лепи зголемениот интерес за вложување во акции. И кога се купува, а се мери пазарниот ризик речиси и да нема инвеститор што не би го одбрал „Гранит“ во своите портфолио. Веројатно заради асоцијацијата со името на компанијата.

Затоа ве молиме, без банални прашања...


Р.Ф.


Можеби ќе ве интересира

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина