17 Мај, 2024
0.0486

АКЦИЈА: МВР заплени нелегално сечено огревно дрво

Објавено во: Економија 31 Август, 2014

Добивај вести на Viber

Во акциски контроли од крајот на јуни досега, Министерството за внатрешни работи запленило над 1.000 кубни метри огревно дрво. На ден се запленувале во просек по три камиони нелегално сечено дрво за огрев. Во рамките на акцијата „Гора“, насочена кон сузбивање на криминалот поврзан со нелегална сеча на дрва, пустошење шуми и нелегална трговија со дрвна маса, биле контролирани 245 легални складови за огревно дрво ширум земјата, при што 49 од нив се затворени, објави министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска. Од контролираните 31 правно лице лиценцирани за издавање одобренија за сеча на приватна шума, дури кај 21 субјект биле утврдени неправилности во работењето. „Досега се поднесени 10 кривични пријави (“кражба“, “фалсификување исправа“, “даночно затајување“, “злоупотреба на службена положба и овластување“ и “несовесно работење во службата“), како и 167 прекршоци“, посочи Јанкулоска. Вредноста на запленетото огревно дрво е проценета на над 36.000 евра. Меѓу поднесените кривични пријави има и такви против вработени службеници кои биле вклучени во криминалот со огревно дрво. Така, СВР Тетово документираше злоупотреби вршени од четворица вработени во шумска полиција и еден инспектор за шумарство кои неовластено вратиле околу 95 метри кубни дрва, кои предходно полицијата ги одзеде во акциската контрола на 24.06.2014 год., СВР Велес откри несовесно работење на тројца магационери во ЈП Македонски шуми“ кои дозволиле незконско продавање на дрвна маса во вредност од околу 72.000 евра, додека СВР Куманово мерки на кривичен прогон перзеде против директорот на подружницата на Македонски шуми во Куманово, поради незаконско присвојување на 6.500 евра од благајната на претпријатието и огревно дрво во вредност од 1.500 евра.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА