17 Мај, 2024
0.0285

АХВ тврди дека граѓаните јадат безбедна храна

Објавено во: Економија 21 Август, 2014

Добивај вести на Viber

Од Агенцијата за храна и ветеринарство реагираат дека граѓаните не треба да имаат дилема дека консумираат безбедна храна, вклучително и сувомесни производи.

„Како одговорна институција за безбедноста на храната, пред граѓаните на Република Македонија одговорно тврдиме дека во прилогот на Нова ТВ – “Екстра Меин е затворена, месото од Бразил слободно влегува во државата“ и прилогот на ТВ Алсат М- “Листерија, бројни дилеми, малку одговори“, се изнесени паушални конструкции кои единствено имаат за цел да внесат забуна и страв кај граѓаните дека храната од домашно производство или од увоз, не е безбедна, велат од АХВ.

Во соопштението од АХВ се додава: „Најодговорно тврдиме дека во Република Македонија се увезува безбедна храна и суровини за домашната прехранбена индустрија. Секоја пратка на производи од животинско потекло од увоз (во конкретниот случај замрзнато месо), е пропратена со ветеринарен здравствен сертификат за безбедност, во кој надлежниот орган на земјата извозник потврдува дека производот ги исполнува сите барања наведени во Правилникот за посебните барања за безбедност на храна по однос на микробиолошките критериуми.

Освен тоа, наведените суровини се испитани и во други две акредитирани лаборатории, од каде се добиени негативни резултати за присуство на листерија“.

Дополнителна гранција за безбедност се и задолжителните контроли кои се вршат од страна на инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство на секоја увозна пратка. Оттука, како одговорна инситуција, апелираме, преку пласман на сензационалистички прилози, непотребно да не се внесува паника, страв и забуна кај граѓаните, велат од АХВ.

Можеби ќе ве интересира

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

ЕДЕН ОД НАЈБОГАТИТЕ СРПСКИ БИЗНИСМЕНИ КУПИ ХОТЕЛ ВО СЛОВЕНИЈА - има фитнес, велнес и конференциски центар, ова се деталите

ЕДЕН ОД НАЈБОГАТИТЕ СРПСКИ БИЗНИСМЕНИ КУПИ ХОТЕЛ ВО СЛОВЕНИЈА - има фитнес, велнес и конференциски центар, ова се деталите

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар