04 Мај, 2024
0.0281

АХВ го демантира Трипуновски - Нашите вработени што беа во Италија се проверија и се потврди дека се здрави

Објавено во: Македонија 10 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Агенцијата за храна и ветеринарство го демантира дополнителниот заменик министер за земјоделство, Цветан Трипуновски. 

„Во отсуство на идеи како да ја пополни дневната партиска агенда, во услови кога се преземаат сериозни мерки за спречување на ширење на вирусот Ковит 19, дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, продолжува да ја манипулира и заплашува јавноста. На дегутантна ‚прес конференција', денес информираше дека државава не прави ништо да се справи со Корона вирусот и дека вработени лица од Агенцијата за храна и ветеринарство, пред две недели се вратиле од службено патување во Италија, без да им биде направен преглед и тест за евентуално утврдување на присуство на болеста“, пишува АХВ.

Натаму, додаваат дека во целост ги демантираат на водите на Трипуновски.

„Ја информираме јавноста дека тројцата вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство беа на службено патување во Италија и тоа во регионите кои тогаш не беа зафатени со Корона вирусот. По враќањето во земјава, тие целосно ги испочитуваа препораките на Владата. Од страна на вработените, доброволно, иако не доаѓаат од земји/региони каде тогаш имало присуство на болеста, направени се лекарски прегледи со кои е потврдено отсуство на вирусот, односно потврдено е дека тие се здрави“, велат од АХВ.

Оттаму апелираат грижата  за справување со Корона вирусот Трипуновски да им ја препушти на надлежните здравствени власти и „да престане да си поигрува со трпението и чувствителноста на граѓаните кога е нивното здравје во прашање“.

Можеби ќе ве интересира

КАРАКАМИШЕВА УШТЕ ЕДНАШ МУ РЕПЛИЦИРАШЕ НА ОСМАНИ, ОВОЈ ПАТ ЗА БАДЕНТЕР: Еве каде според неа се употребува ова мнозинство

КАРАКАМИШЕВА УШТЕ ЕДНАШ МУ РЕПЛИЦИРАШЕ НА ОСМАНИ, ОВОЈ ПАТ ЗА БАДЕНТЕР: Еве каде според неа се употребува ова мнозинство

МАЈСКИ СНЕГ НА ПОПОВА ШАПКА: Обелеа планинските врвови во земјава

МАЈСКИ СНЕГ НА ПОПОВА ШАПКА: Обелеа планинските врвови во земјава

ПОЧНА ПРЕДИЗБОРНАТА „ВОЈНА“: Во Кичево украден банер со рекламен материјал на политичка партија

ПОЧНА ПРЕДИЗБОРНАТА „ВОЈНА“: Во Кичево украден банер со рекламен материјал на политичка партија

ЗА ЛЕТНИ ТЕМПЕРАТУРИ ЌЕ СИ ПОЧЕКАМЕ: И мај ќе го поминеме со постудено време и чести врнежи од дожд

ЗА ЛЕТНИ ТЕМПЕРАТУРИ ЌЕ СИ ПОЧЕКАМЕ: И мај ќе го поминеме со постудено време и чести врнежи од дожд

„НА ОВОЈ ДЕН ПОЧИНАА ДВАЈЦАТА НАЈГОЛЕМИ МАКЕДОНЦИ, СЀ ДРУГО БАРЕМ ЗА МЕНЕ Е ЛАГА“: За д-р Беќаровски, четврти мај е македонскиот „Велики петок“

„НА ОВОЈ ДЕН ПОЧИНАА ДВАЈЦАТА НАЈГОЛЕМИ МАКЕДОНЦИ, СЀ ДРУГО БАРЕМ ЗА МЕНЕ Е ЛАГА“: За д-р Беќаровски, четврти мај е македонскиот „Велики петок“

ВАНКОВСКА ПРОГНОЗИРАШЕ КОЈ ЌЕ ПОБЕДИ НА ИЗБОРИТЕ, НО ДАДЕ МИСЛЕЊЕ И ЗА ДРУГИ ВАЖНИ ТЕМИ: „Македонија нема да може да биде ни твоја ни наша“

ВАНКОВСКА ПРОГНОЗИРАШЕ КОЈ ЌЕ ПОБЕДИ НА ИЗБОРИТЕ, НО ДАДЕ МИСЛЕЊЕ И ЗА ДРУГИ ВАЖНИ ТЕМИ: „Македонија нема да може да биде ни твоја ни наша“

АНГЕЛОВ НАЦРТА ЦРТЕЖ ЗА БУЈАР ОСМАНИ: „Според Бујар Османи токму тој едниот Албанец од ДУИ е клучен“

АНГЕЛОВ НАЦРТА ЦРТЕЖ ЗА БУЈАР ОСМАНИ: „Според Бујар Османи токму тој едниот Албанец од ДУИ е клучен“

ТРИ СТЕПЕНИ ГО ТРЕСЕА НОЌЕСКА СКОПЈЕ: Земјотресот потврден и од Сеизмолошка опсерваторија на Македонија

ТРИ СТЕПЕНИ ГО ТРЕСЕА НОЌЕСКА СКОПЈЕ: Земјотресот потврден и од Сеизмолошка опсерваторија на Македонија

ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ДАНЕЛА СЕ РЕКЛАМИРА НА КАМИОНИ: Низ Скопје провозе камион со налепници на партијата на Арсовска

ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ДАНЕЛА СЕ РЕКЛАМИРА НА КАМИОНИ: Низ Скопје провозе камион со налепници на партијата на Арсовска