Aхмети даде коментар за инцидентот со Нефи Усеини
Објавено во: Македонија 18 Август, 2020
Вакви прашања треба да се разгледаат во полицијата и обвинителството, рече претседателот на ДУИ, Али Ахмети за случајот со нивниот советник Нефи Усеини кој нападнал човек во Охрид.
Усеини, советникот во Општина Охрид, познат во јавноста по своите дивоградби и испади, со пиштол го нападнал извесниот Спире Топалоски во охридски хотел, мавајќи го по глава со рачката заедно со уште неколкумина пред неговиот 14-годишен син.