02 Мај, 2024
0.0277

Агенцијата Грејлинг прогласена за најдобра ПР агенција во Источна Европа за 2016 година

Објавено во: Мои пари 06 Јуни, 2016

Добивај вести на Viber

На гала вечерта на ЕМЕА САБРЕ наградите, која се одржа во Берлин, за Најдобра ПР агенција во Источна Европа за 2016 година е прогласена агенцијата Грејлинг.

SABRE AwardКако причина за својата одлука, стручното жири пред се го истакна придонесот на агенцијата за развој на индустријата Односи со јавност во регионот, како и мрежата на агенцијата, земајќи го предвид фактот дека агенцијата има 10 канцеларии во Средна и Источна Европа и во која работат преку 170 експерти за Односи со јавност. Токму тоа овозможува развој и имплементација на некои од најинтересните регионални кампањи. Освен тоа, стручното жири го истакна и фактот дека и покрај тоа што голем број агенции од оваа област беа присилени да се затворат, агенцијата Грејлинг продолжи да расте и да се развива во Средна и Источна Европа. Тие исто така ја нагласија и важноста на Public Affairs како една од главните компоненти за раст на агенцијата.

Грејлинг е агенција која пред се развива иновативни и интегрирани решенија и која брзо се прилагодува на потребите на клиентите и на пазарот. Агенцијата дејствува во интернационална мрежа која не познава граници, ниту меѓу држави, ниту меѓу дисциплините на дејствување.

Партнер на Грејлинг на македонскиот пазар е агенцијата за односи со јавност Елемент ПР, одговорна за комуникациски услуги во Македонија, Косово и Албанија. Ова партнерство постои и постојано се надградува веќе 5 години.

„Да се биде партнер со една од најголемите и најеминентните агенции е потврда за нашата успешна работа, како и потврда за нашето знаење, искуство и експертиза во оваа област. Но сето ова е пред се за успех и бенефит на нашите клиенти. Им честитаме на нашите колеги за оваа награда, особено затоа што е во областа на Public affairs, каде што нашата професионална експертиза е во корист на повисоки цели и каде што има уште толку многу повеќе да се направи“, изјави Татјана Лопарски, основач и генерален менаџер на Елемент ПР.

ЕМЕА САБРЕ Наградата е една од најпрестижните интернационални награди во ПР индустријата. Оваа година пристигнаа 2000 пријави во најразлични категории од Европа, Среден Исток и Африка, оценети од меѓународно жири составено од експерти за комуникација и брендинг од најголемите глобални агенции и компании. Наградата ја доделува Холмс Груп, водечка агенција за односи со јавност и издавачка компанија, специјализирана за истражување и следење на трендови во Односите со јавност.

Можеби ќе ве интересира

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година