26 Април, 2024
0.1505

АФЕРАТА ЈА КРУНИСАА СО БРАК: Принцот Чарлс бил фатен на дело - „Те молам не се однесувај како да сум идиот“

Објавено во: Стил 09 Септември, 2022

Добивај вести на Viber

Принцот Чарлс и Камила Паркер се во среќен брак 17 години, а се запознале на поло натпревар во раните 70-ти. Веднаш штом се запознале се појавиле првите чувства меѓу двајцата.

Интересно е што во тој момент и двајцата биле во брак. Чарлс во тоа време бил со принцезата Дијана. 35 години по средбата, Чарлс и Камила се венчаа.

Бракот на Чарлс со Дијана беше полн со турбуленции, а во 1996 година дојде до развод, по 15 години заеднички живот. Се претпоставува дека причина за разводот била измамата на принцот, додека се верува дека тој потоа започнал афера со Камила.

- Бевме тројца во овој брак, па беше малку гужва - изјави принцезата во интервју за Би-Би-Си. Наводно и на новинарот му открила дека се судрила со Камила поради нивната афера.

Поранешен член на заштитниот тим на Дијана изјавил дека конфликтот се случил на забава организирана од сестрата на Камила.

- Дијана немаше пријатели таму, а кога стигнавме беше како на филм бидејќи сите беа изненадени што воопшто дојде Дијана. После околу еден час слушнав како некој ме вика од кујната. Кога влегов видов дека беше Дијана која ми рече: Мора да дојдеш со мене Не можам да го најдам сопругот или Камила - изјави тој во едно интервју. Притоа додал дека неможел да го одбие нејзиното барање, ниту да ја предомисли во намерата. 

- Очигледно беше во неволја. На крајот ги најдовме Чарлс и Камила како разговараат седејќи на каучот во подрумот. Не знаев што ќе прави Дијана во тој момент, но таа тргна нагоре, со голема самодоверба им рече и на Камила: Те молам, не се однесувај како да сум идиот, знам што се случува. Камила тогаш кажа нешто што сè уште не го разбирам целосно. Таа рече: Имаш две прекрасни момчиња. Тоа секако беше неверојатен момент за мене, а мислам дека беше и за нив. Тоа беше пресвртница во нивните животи, бидејќи мислам дека тогаш беше јасно дека крајот е близу - објасни тој.

Исто така, во 1993 година, протече интимен разговор помеѓу Камила и Чарлс, кој ја потврди недозволената врска на парот. Објавувањето на тие снимки направи голем скандал за кралското семејство.

Во 1995 година, Камила поднесе барање за развод од нејзиниот тогашен сопруг, додека принцезата Дијана и Чарлс се разведоа во 1996 година. Една година по разводот, принцезата Дијана загина во сообраќајна несреќа.

Веќе во 1998 година, Чарлс ја запозна Камила со младиот принц Вилијам и почна да ја запознава со јавноста. Се пишуваше дека кралицата Елизабета Втора и принцот Филип не ја прифатиле врската. Во 1999 година, Чарлс и Камила за прв пат се претставија пред јавноста како пар.

Тие почнаа да живеат заедно во 2003 година, додека се венчаа во 2005 година.

Фото: EPA/ NEIL HALL

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти