„Аџибадем Систина“ става на располагање 27 свои респиратори
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 14 Март, 2020
Во услови на алертна состојба со вирусот Ковид 19, Клиничката болница „Аџибадем Систина“, заедно со вработените 1.000 лица, се става на располагање со сите свои слободни капацитети на граѓаните на Македонија, кои се засегнати од овој вирус, а по потреба и претходен договор со Министерството за здравство, објавија вечерва од болницата.
„На располагање се ставаат и сите слободни апарати за механичка вентилација односно респиратори. Во моментов нашата болница располага со 27 најсовремени респиратори и тоа педијатриски, адултни и транспортни, стои во соопштението.
Додаваат и препорака граѓаните да ги следат препораките за заштита и превенција од Ковид 19.