Адвокатите утре ќе побараат излегување на Јанева од притвор бидејќи истрагата е завршена
Објавено во: Македонија 24 Септември, 2019
Ирена Фрчкоска и Дељо Кадиев, адвокатите на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева по денешниот распит во Јавното обвинителство за организиран криминал за случајот „Рекет“ рекоа дека осомничената ќе достави гаранција до судот со која ќе се бара ослободување од притвор откако вчера официјално заврши истрагата.
- Со завршување на истрагата, отпаѓа можноста за влијание на сведоците. Ние же понудиме гаранција против евентуално бегство. Уште утре ќе се обратиме до судот. Притворот е мерка што треба да трае што е можно помалку, рече Кадиев пред новинарите.
Фрчкоска дополни дека двајцата адвокати не разговарале до сега од каде ќе бидат исплатени, односно дали Јанева тоа ќе го направи преку наводниот „црн фонд“ на СЈО. Наведе дека Јанева исказ ќе даде откако ќе ги види доказите, бидејќи обвинителството било должно, како што вели правниот застапник на Јанева, тоа да и го овозможи предда ја заврши истрагата.
- Таа ке го искористи правото в четврток да изврши увид на доказите, затоа што осомничениот Бојан Јовановски тоа ќе го направи утре, рече Фрчкоска.
Адвокатите тврдат дека здравствената состојба на Јанева сега е подобра, но и дека натаму пати од хронични болести и голем стрес.
Адвокатскиот тим потврди дека осомничената не е вклучена во истрагата за Меѓународниот сојуз на Боки 13, туку само за случајот „Империја“.
Изминатиот период тие ги добиле решенијата со кои Јанева е разрешена како јавен обвинител во Гевгелија и специјален јавен обвинител во СЈО.
- Понатаму ке ја информираме јавноста како ќе постапиме по тоа решение, додаде Фрчкоска.
Имено, Катица Јанева на денешното појавување во ОЈО се бранеше со молчење.