02 Мај, 2024
0.0280

АДЕМИ: Јас сум за физичко присуство во школите, но ова ќе биде најтешката одлука на новата Влада

Објавено во: Македонија 12 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Министерот за образование и наука, Арбер Адеми на прес конференција ги потврди информациите на Фактор објавени денеска за можно одложување на почетокот на школската година. 

-За да може да почне школската година, потребно е да се донесат законски измени, а за тоа да се случи, мора да имаме функционално Собрание. Тие се подготовени од наша страна. Но , кога ќе се усвојат, зависи од Собранието. Почетокот на школската година ќе зависи од епидемиолошката состојба и од Собранието. Ние предлагаме часот во основното образование да се скрати од 45 на 30 минути, а во средното од 45 на 35. За да се усвои тоа, ни треба Собрание. Јас се залагам за физичко присуство, но тоа е мој личен став, изјави министерот за образование и наука Арбер Адеми на денешната прес конференција веднаш по состанокот на Комисијата за заразни болести.

Наставата со физичко присуство, како што рече министерот, би се одржала со конкретни мерки и упатства за безбедна настава.

-Во училиштата со премногу ученици треба да имаат еден дел онлајн настава, а еден дел со физичко присуство. Тоа значи дека ќе се поделат училниците со помал број ученици, една група би следела настава со физичко присуство, а во исто време другата група преку средства за електронска комуникација би ја следеле наставата во реален час, а доколку не можат лекциите би се поделиле од националната платформа, каде се обработени темите и содржините. Исто така, ако би се одлучиле наставата да се одржи со физичко присуство, а имаме деца кои имаат хронични болести или респираторни болести, тие би можеле преку средствата за електронската настава да ја следат наставата, потенцираше Адеми.

Првенствено, тој нагласи дека се зависи од епидемиолошката слика, и дека МОН сака да се обезбеди најбезбедниот модел, водејќи сметка за образовниот процес и здравјето на учениците.

-Најлесно е да се определиме за онлајн настава, но пак ќе повторам, само ако бидеме принудени и нема друг начин, би се определиле за ваквиот модел, за вакво организирање на наставата, истакна министерот, посочувајќи уште еднаш дека почетокот на школската година може да се одложи се додека нема функционално Собрание, за што претходно објави Фактор.  

A.Б.

Можеби ќе ве интересира

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање