26 Април, 2024
0.0451

АД МЕПСО ја заврши 2020 со загуба од 6 милиони евра, се очекува ново поскапување на струјата?

Објавено во: Економија 31 Март, 2021

Добивај вести на Viber

Управниот Одбор на АД МЕПСО во понеделникот ја усвоил консолидираната годишна сметка и годишниот финансиски извештај од работењето во 2020, а компанијата деловната година ја заврши со загуба од 357.855.000 денари, или 5,818 милиони евра.


Ваквиот биланс следува и покрај тоа што на АД МЕПСО минатата година Регулатрона комисија за енергетика делумно му го прифати барањето за зголемување на тарифата за пренос и, заедно со останатите електроенергетски компании на регулираниот пазар, доби зголемување на цената на сметките за домаќинствата за 7,4 отсто повисока цена од 1 јули.

Операторот на електропреносниот систем во овој период спроведува сеопфатна анализа на сите елементи од деловното работење на претпријатието врз основа на кои ќе се дефинираат наредните чекори, односно ќе се одлучи дали ќе се побара ново зголемување на тарифата за пренос од Регулаторната комисија за енергетика и колку тоа ди влијаело на сметките на крајните потрошувачи.

„Оваа 2021 година почнува нов тригодишен регулиран период, за кој на АД МЕПСО ќе му се утврди регулиран максимален приход потребен за вршење на дејноста во овој случај - пренос на електрична енергија“, велат од таму и додаваат дека регулираниот максимален приход што ќе му биде потребен ќе зависи од предвидените трошоци, амортизацијата, но и од обезбедувањето на определена стапка на пренос на капиталот, во која се вклучени и планираните инвестиции.

АД МЕПСО минатата година побара повишување на цената поради намалените приходи, но и поради, како што рекоа од таму, инвестициските потфати за подобрување на преносниот систем. Ланското поскапување на струјата предизвика незадоволство во јавноста која сметаше дека моментот за зголемување на цената не е соодветен поради настапувањето на епидемијата.

Регулаторната комисија се очекува да ги разгледа барањата и да донесе нова одлука во периодот на јуни месец, а АД МЕПСО се надева дека од РКЕ ќе бидат земени предвид сите пресметковни елементи вклучително и финасискиот резултат од последната година.

„Во моментот се уште е рано да се каже колкав ќе биде износот од барањето за тарифата за пренос а секако не може да говориме за крајната цена, каде што влијаат тарифата за дистрибуција, униварзалниот снабдувач и обновливите извори на енергија“, велат од компанијата.

Акционерско друштво за пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем за 2019 оствари добивка пред оданочување од 480.113.909 денари.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти