19 Мај, 2024
0.0270

АД ЕЛЕМ и понуди договор на второрангираната фирма на тендерот, но таа одби да го потпише

Објавено во: Мои пари 12 Април, 2018

Добивај вести на Viber

АД ЕЛЕМ ја информира јавноста дека не е точно тврдењето на партијата ВМРО ДПМНЕ изнесено денеска на прес-конференција, дека по откажувањето на прворангираната фирма на тендерот АД ЕЛЕМ не и понудил на второрангираната фирма да потпише договор.

АД ЕЛЕМ и понуди на второрангираната фирма да потпише договор, но таа одби. Како потврда го приложуваме дописот од АД ЕЛЕМ со понудата за договор.

Имено, станува збор за тендерот за ископ на јаглен во РЕК Битола, од кој во февруари, по три месеци работа, се откажа ТРАНСМЕТ, по што ЕЛЕМ, согласно Законот за јавни набавки, писмено и понуди на второрангираната фирма ПЕЛИСТЕР-Битола да потпише договор и да ја продолжи работата.

 ПЕЛИСТЕР писмено одговори дека не се согласува да ја преземе работата за цената која ја понудила на тендерот.

Од тие причини, согласно Законот за јавни набавки, пристапено е кон распишување тендер по итна постапка за привремен ископ на јаглен во РЕК Битола, со кој е премостен периодот од три месеци до избор на фирма во редовна постапка, а во исто време е распишан тендер во редовна постапка за ископ на јаглен, на кој по сите пропишани процедури и со електронско поддавање ќе се избере најповолна понуда на фирма која ќе го врши ископот во следниот период.

Напоменуваме дека целта на раководството на АД ЕЛЕМ е ископот на јаглен да биде вршен од нарворешни фирми само до обезбедувањето на потребната сопствена механизација во РЕК Битола, за што тендерот е во тек, а уште еден ќе биде распишан наскоро. Потоа ископот ќе го врши РЕК Битола, со што ќе се заштедат милионски суми кои сите изминати години се одлевале во надворешни фирми.

Во прилог е даден официјалниот допис од АД ЕЛЕМ до правното лице ПЕЛИСТЕР-Битола, од кој се гледа дека на истото му е понудено потпишување договор.

Можеби ќе ве интересира

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО