„Виктор Стојчевски е примен во редовен работен однос во компанијата по претходно објавен оглас за вработување. За работното место за кое конкурирал, наведениот ги исполнувал сите критериуми наведени во огласот. Комисијата одлучила почитувајќи ги сите законски одредби”, соопшти АД ЕЛЕМ.
Засега дискутабилни за јавноста како нововработени во АД ЕЛЕМ се ќерката на собранискиот спикер Талат Џафери и синот на Мирослав Грчев, истакнат член на СДСМ.