02 Мај, 2024
0.0489

Erste Investors’ Breakfast

5-та конференција во организација на Ерсте Банка и Шпаркасе Банка Македонија

Објавено во: Мои пари 28 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Петта година по ред, во организација на Ерсте Банка и Шпаркасе Банка Македонија, во хотелот „Мериот“ се одржа конференцијата „Erste Investors' Breakfast“. Како и претходните години, на конференцијата присуствуваа аналитичари и експерти од Ерсте и Шпаркасе Групацијата, како и од македонскиот финансиски сектор, со свои анализи и предвидувања за позицијата и развојот на финансиските пазари во Југоисточна Европа и регионот.

На конференцијата присуствуваше и министерот за финансии г. Драган Тевдовски, кој заедно со  претседателот на Управниот одбор на Шпаркасе Банка Македонија, г. Глигор Бишев, имаа воведни излагања.  Вицегувернерот на Народна банка на РМ, г-ѓа Маја Кадиевска-Војновиќ, даде осврт на состојбите во монетарната политика на Р. Македонија, додека за актуелните состојби во регионот и позицијата на Македонија на макро ниво говореше г. Милан Дескар Шкрбиќ, макро аналитичар и претставник на Ерсте Штаермеркише Д.Д. Загреб. Во останатиот дел од конференцијата, експертите и аналитичарите од Ерсте Банка се задржаа на ситуацијата со каматните стапки во Еврозоната и методите за  „corporate hedging“, како и дискусии за движењето на каматните стапки, пазарот на капитал, понудата на инвестициските фондови и развојот на „corporate hedging“од аспект на корпоративните клиенти.


Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје е дел од Шпаркасе и Ерсте Групацијата, која се состои од 47 штедни банки и која бележи речиси 2 века постоење на финансискиот пазар во Р. Австрија. Воедно таа е една од најсилните банкарски групации во Европа, која со својата долгорочна стратешка ориентација кон регионот на Западен Балкан придонесува и Шпаркасе Банка Македонија да претставува доверлив партнер за своите клиенти. Зaедно со другите банки-ќерки во Австрија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Словенија и во Црна Гора, таа е дел од најсеопфатните банкарски мрежи во регионот - Штаермеркише Шпаркасе Групацијата, која со својата билансна сума од 14 милијарди евра, 6.400 вработени и 500 експозитури и регионални центри опслужува околу 2,5 милиони клиенти во овие земји од регионот на Југоисточна Европа.

Можеби ќе ве интересира

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа